[Литература] Марија Соколоска – II година
Што ме движи кога се стои
Што ме движи кога сè стои,
Тоа е прашање јасно,
Околу нас поставено гласно.
Мене ми изгледа важно,
Едноставно но знае да биде и тажно.
Дури и кога сè стои
Вербата некако ќе нè спои.
Иако сите затворени дома,
Живеејќи од денес за утре
И наликувајќи на мало кутре.
Како во кафез сместени сме сите,
Одбројувајќи да минат дните.
Година изгубивме цела,
Ама сепак се тука нашите дела.
Секој ден е приказна своја,
Еликсир на вербата моја.
Сите мои пријатели мили
Толку многу ми даваат сили.
Оддалечени како никогаш досега
Изолирани, но секој по пријателства посега.
+6