[Литература] Марија Тодоровска – III година

Што ме движи кога се стои?

 

Што ме движи кога околу мене се освен ветрот стои?

Освен денот во ноќ и ноќта во ден ништо не се менува,

Кога се отвараат само прозорците, а се друго се затвора

Што ме движи?

Една искра во градите што затреперува помеѓу секој мој здив,

Искра која во главта потпалува мисла дека не треба ништо и никогаш да стои,

па таа мисла потпалува и друга дека јас можам да направам чекор, па два па три,

па по мене да тргнат уште два три тројца

па и по нив уште тројца,

па да ги раздвижам сите во она за нас до сега непознато движење,

движење со седење дома.

Додека градот е празен и глува е доба,

јас да се раздвижам и голема бука да сторам,

да не дозволам на стравот низ булеварите да шета,

да ги заклучува нашите врати и со тагата другари да не прави.

Ме движи искрата во мене што ми вели дека сите во нашите соби се чувствуваме осамени,

а тоа не е реална слика,

тоа не е чувство што сега треба да доминира,

ме движи и искрата ми вели сплоти ги и охрабри ги,

љубов во срцата влеј им.

Што ме движи кога се стои?

Ме движи искрата што чинам крвта ми ја пали

некои тоа би го нарекле младост,

моите врсници храброст,

јас само знам дека е пламен што не стивнува лесно,

додека не почне нешто да се движи.

 

 

 

 

 

 

 

+153