[Литература] Кирил Ѓорѓиевски – VII одд.
„Што ме движи кога сѐ стои“
Дома седам, мисли редам
што нѐ снајде, што се случи
кој без клуч нас нѐ заклучи?
Страв се вгнезди в секој дом
испразни школски клупи,
игралишта, кино сали,
се плашат сите големи и мали.
Избегнавме топол допир,
гушка, бацка, или собир,
завладеа досега непознат ред,
бал под маски во недоглед…
Се сопре врева, џагор, смеа,
нѐ окова сите дома.
Ден да гледаме од прозорец
Запре сѐ што е важно, само часовникот врви тажно.
Ден за ден се нижат дните
ко монистра на гердан личен,
дали има тег на вага,
да измери ваква тага?
Што ме движи кога сѐ стои?
Чиста мисла да нѐ спои
дека ова зло ќе мине,
и надеж отровот да стивне.
Низ часови сам со себе димензија нова следам,
низ ноти кротки, ноти силни
звуци тажни, звуци милни…
Музиката е таа сила,
јазик на кој секој збори
карта е без граници,
нѐ вози таа до сите станици.
Музиката е амбасадор,
сплотува и најлош раздор
не може зол да пее, да танцува и да се смее,
таа е формула што ме движи
заборавам на сите грижи.
Музиката е како празник
и во мракот таа зрачи,
освојува кој ја слушне како рака што те гушне.
Таа раси не познава,
ни религии, ниту бои,
таа е безвременска
ниту врви, ниту стои,
таа постои сите да нé освои.