[Литература] Јована Милановска – VIII одд.

 

 

 

 

Што ме движи кога с’е стои 

 

Лани во март се започна или поточно с`e застана. Се појави тој ,невидливиот непријател ,новиот вирус или Coronavirus ,поточно COVID 19. Целиот свет застана.Веќе ништо не беше исто. С`е беше тука , ама како ништо да немаше.

Луѓето беа исплашени и уште се , зашто болеста демнее секаде, на улица , во продавница , во болниците.

Страв , незнаење, несигурност , вознемиреност се појавија кај секој човек. 

Веке навлеговме во  2021 , но с`е уште с`е е исто како и минатата година, нема некаков видлив напредок. Потпоклн хаос во душата , во мислите, во универзумот.

Месеци, денови, минути, секунди поминуваат,а луѓето с`е повеке и повеке 

губат желба за напредок за подобри работи, луѓето престануваат да мечтаат .

Важно е само да се спаси голиот живот .

Но , во ова време на пандемија кога с`е е затворено, кога луѓето шетаат со маски , одвоени еден од друг ,  држат растојание,  не се дружат ,се оддалечуваат едни од други. Јас сепак имам волја за учење, за образување , за напредок.

Оваа пандемија ме научи на  многу работи, како да се борам да не се откажувам на првата препрека во животот,.С`е уште сум дете и во понаташниот живот  сигурно ќе имам многу повеќе препреки,проблеми,недоразбирања… 

Кога започна пандемијата јас воопшто не размислував на учењето, училиштето семејството… само седев и играв игри нa мобилен телефон и ,, висев,, на фејзбук.

Тоа беше мојот свет , тоа беше моето дружење , моето излегување во стварноста .

 Времето го поминував постојано дома, с`е ми беше сеедно,с`е додека не размислив за 

иднината .Во ова време сите велат дека се психички расеани, но јас за мене можам да кажам дека за една година  што седам дома и не се дружам физички со другарите станав позрела и сега многу поинаку гледам на с`е што ме опкружува.  

Како одеднаш да пораснав ,преку ноќ се изменив , станав сериозна .

Го сфатив животот и дека е многу вреден и само еден и дека нема реплика,

нема поправка , нема повторување.

Во главата имам разни идеи кои ќе ги остварам откако ќе си замине вирусот и  пандемијата .Се чувствувам дека с`е можам да работам таква желба и волја имам

Јас за време на пандемијата научив многу работи да работам кои никогаш до сега не

сум ги работела, научив да готвам, да чистам и постојано и помагав на баба ми да ја суреди куќата.Во секое зло има и некое добро.

Моето слободно време веќе не го трошам на игри, туку читам книги, сега светот е 

многу поразвиен и некои книги кои ги немам јас ги отварам на интернет и ги читам,

сега с`е повеке и повеке се интересирам за с`е во животот, дури и некои работи кои 

порано не ме интересирале сега ме интересираат . 

Она што највеќе ми дава сила е љубовта кон најблиските , кон семејството .Тоа е нешто што ми дава сила да истраам , да одам напред, да го победам злото.

Многу работи ме мотивираат да тргнам напред иако сум разочарана од сеопштиот хаос, од учењето од далечина ,од севкупната ситуација.Светот се преврте наопаку , животот се промени , луѓето станаа неми пред болеста.Сепак мора да се оди напред , да се изнајде начин , да се добие сила да се издржи .

Јас во иднина сакам да постигнам нешто,сакам да бидам адвокат ,сакам да бидам добар човек пред с`е , семејството да се гордее со мене. Сакам да служам како пример на мојата помала сестра,не сакам да ја разочарам бидејки таа во мене гледа како во некој што мора да знае с`е и за с`е има решение.Се трудам како некој кој мора да постигне нешто,таа на мене гледа како јас да сум нејзин супер херој бидејки со с`е 

се борам уште од мала и не се откажувам и затоа таа ми дава сила и ме поддржува во

с`е. Таа е прваче , а јас сум големата дада. Многу пати сакам од нешто да се откажам, се чуствувам како да не можам, мислам дека нема да успеам, но ќе се сетам на тоа што сакам да постигнам,на тоа дека не сакам да го разочарам семејството и веднаш продолжувам. Сакам моето семејство да се гордее со мене и мојот труд кој ке го вложам да постигнам с`е што сакам. Мојата желба да постигнам нешто е многу јака и таа ме мотивира секогаш да се трудам с`е повеке и повеке.  Љубовта е огромен мотив и поттик за с`е во животот. Мојата безусловна љубов кон мојата помала сестричка е толку силна што ме турка напред да истраам , да одам само напред за себе , но и за неа.

Во моментот кога с`е стои , јас гордо ќе чекорам и ќе се грижам за семејството , ќе учам како никогаш досега зашто знаењето е сила и дава моќ , дава храброст .

Во животот се сретнуваме со луѓе кои ќего потценуваат тоа што го правиш,

ќе те понижуваат иако знаат дека ти вредиш повеќе од нив.

И мене многу пати ми велат дека нешто не можам, не знам, не умеам, тоа многу влијаеше на мене. Кога ги слушав тие зборови губев мотивација, но повторно моето срце не ми дозволи да се откажам, повторно мислам на иднината и повторно добивам мотивација и уште поголем поттик и не ги слушам другите што велат затоа што со труд и желба с`е се постигнува. И затоа не се откажувајте од своите соништа поради лоши коментари , не губете мотивација,само напред и главата горе, слушајте го срцето што вели, ана тие кои го понижуваат тоа што го правиш воопшто не им обрнувајте

 внимание бидејки тие не се задоволни со својот живот и завидуваат на луѓе кои нешто сакаат да постигнат и кои веке постигнале нешто. 

Затоа слушајте го срцето кое ќе ве води и кога целиот свет стои. 

 

 

+36