[Литература] Јована Шаркоска – VIII одд.

Што ме движи кога се стои?

 

Негувајте го својот ум – ќе цвета, повеќе отколку што очекувате. Квалитетот на вашиот живот е одреден од квалитетот на вашите мисли. Не дозволувај твојот ум да зарасне во плевел од нечисти мисли и дела, знаеш тоа што го мислиш, тоа ти се случува. Запомни мисли позитивно! Мисли на убави работи, тука се крие големината на човековото битие, тука се крие моќта на човекот, тука се крие неговата издржливост, покрај сите подеми, падови и неуспеси што му се се случуваат на еден човек во текот на својот животен процес, во текот на неговото постоење.

Робин Шарма во едно негово дело вика: “ Научи дека умот може да направи извонредни работи. Фактот дека има желби и соништа значи дека имаш и капацитет да ги оствариш “ . Да, сосем се согласувам со ова негово излагање, бидејќи целиот животен процес сите желби, посакувања и мечти на човекот се длабоки вкоренети во неговите мисли, се со цел човекот да ги оствари сите замислени желби, но секако сето тоа се постигнува само со убави мисли , идеи и ставови, само со позитивноста на човекот. Живееме во многу проблематичен свет, во кои негативното е присутно насекаде. Многумина во нашето општество пловат како бродови без кормило, тоа се уморни души кои го бараат светилникот, кој ќе ги сочува да не се удрат во карпестиот брег. Ти мораш да им служиш како капетан. Верувај, ќе го пронајдат убавото во тебе, ќе те следат, ќе им служиш за добар пример во целото општество.

Знаеш, во животот на секој човек постојат периоди кога сметаш дека се стои, како едноставно се да се закотвило како брод на отворено море на ничија територија, како се да замолчило како часовник на кој му за’рѓала батеријата , едноставно како да запрело времето и мислиш дека ти си единствената причина поради која се случува тоа, како ти да си главниот виновник за тоа. Периоди во кои мислиш дека се околу тебе е црно, не постои небото, не постои светлината, не постои виножитото и месечината. Не гледаш ништо околу тебе, единствено што правиш е тоа што дозволуваш сите светлини, шаренила и убави мигови да поминат покрај тебе за миг додека трепнеш како експресен воз, кој што додека решиш да ги набљудуваш неговите карактеристики и убавини, тој веќе поминал покрај тебе и не си видел ништо од тоа што си замислил. Постави го својот живот како твоја единствена цел и гледај ја, набљудувај ја таа цел, бидејќи никогаш нема да бидеш во состојба да ја погодиш целта што не ја гледаш. Еднаш кога ќе ја објавиш твојата цел таа постојано ќе те притиска да работиш на нејзиното исполнување, бидејќи никој не сака да изгледа како промашен човек. А токму тоа си кога храбро пливаш низ ваквиот период , затоа најди некоја цел која што ќе те насочи кон неа, ќе ти го открие патоказот, просто ќе те води низ тој период и ќе те натера храбро и достоинствено да испливаш од тој маратон и да ја најдеш суштината и единствената светла точка во животот. Се што велам е дека мора да се забавуваш додека напредуваш кон својата цел и мисла. Никогаш немој да заборавиш кому е важно да живееш со радост, со насмевка, со позитивни мисли околу тебе. Никогаш немој да пропушташ да ја видиш убавината во се што е живо. И запомни, престани да им даваш значење на неважните работи. Уживај во животот, голем човеку! Не се плаши од ништо, ти си храбар и дозволи нешто, барем нешто да те води кога се стои околу тебе, бидејќи стравот не е ништо друго освен ментален монструм кој што ти самиот си го создал со негативен тек на свеста. Универзумот ги фаворизира храбрите. Кога ќе одлучиш да го подигнеш својот живот на највисокото ниво, силата на твојата душа ќе те води кон магичното место исполнето со љубов и богатство. Место каде што љубовта не знае за граници, место каде што си среќен и духовно исполнет, место каде што се сите што ги сакаш и посакуваш се најдобро за нив, да тоа е семејството ако веќе до сега не се сетивте. За мене тоа е ѕвездата водилка, целта која што ме води, кој ми дава утеха и му дава значење на мојот живот, кога се околу мене е урнисано , ужасно лошо, кога секоја боја и секоја смисла во животот веќе изгубиле секакво значење. Кога мислиш дека веќе се околу тебе изгубило смисла, застани гордо и исправи се погледни кон своето семејство докажи им на губитниците, дека си победник во таа битка и дека единствено што им преостанува е да ја напуштат сцената. Види ја светлата точка, надежта, утехата што ти ја нуди своето семејство и зграпчи ја силно со двете раце, не ги пропуштај, ќе ти бидат од корист, доколку не ги искористиш, ќе зажалиш. Види го сјајот во очите на милата и грижлива мајка и полека се ќе ти е јасно, ќе сфатиш, што навистина значи поддршка, љубов, грижа и водилка во животот.

Постоењето на секое човечко суштество е фасцинантно. И секогаш има и добри и лоши личности. И некаде, патем, секогаш содржи магија. Секој има по нешто што треба да го надмине во животот, а во него мораме да ја прифатиме утехата каде и да се наоѓаме. Ако е вистина дека во една искрена, човечка солза има повеќе живот отколку што може да се доживее, дури и кога човек ќе дочека длабока старост, тогаш јас сум изживеала веќе безброј пати, но еве сум денес тука покрај вас, жива сум, и знам дека она што не не убива секогаш не прави посилни. Како што водите меѓу себе се поврзани, така се поврзани и сите приказни во нашите животи со нашето семејство. Потоците се слеваат во реките, реките во моринњата, морињата во океаните. Се е едно совршено прелевање. Никогаш немој да бидеш роб на твоето минато. Биди градител на твојата иднина. Никогаш нема да бидеш ист, бидејќи се се менува. Секојдневно се менува. Ние не сме она што сме биле вчера, ниту утре ќе бидеме тоа што сме денес. Затоа сфати го значењето на денешниот ден, сфати го значењето на еден ден во твојот живот и не дозволуваш црнотијата топло да свие во прегратките на твојата душа, откриј го шаренилото на среќата, радоста, љубовта.

 

+18