[Литература] Јана Петковска- IX одд.

Што ме движи кога сè стои?

Животот е низа на предизвици,подеми и падови,настани и моменти.Изборот на одлуки,поставувањето цели и градењето на патот до успехот е мешавина на желби кои тлеат во мислите.Мисли кои се центарот на почетокот,продолжени низ настаните кои очекувано треба да не однесат до целта.И тука логично доаѓа прашањето,што е целта,што е тоа што не го посакуваме стремејќи се кон спротивното.

Светот го движи енергија која извира длабоко од секој од нас како единки на системот без кој сме само поединци,а целината без сите оставни делови зарем е возможна?Одговорот секој го наоѓа пронаоѓајки се себе си.Нурнувајќи низ своите пориви за реализирање,мотивот за издвујување од останатите и оставањето личен печат во опкружувањето.Понекогаш можеби ќе си речеме,но зарем морам?Не, лесен е одговорот, само ако така одлучиме без да обвинуваме друг, не вперувајќи го прстот со доза на вина на останатите.Знаењето за тоа кои сме и која е нашата визија за нештата во општественото функционирање ќе не движи секогаш,па дури и кога сме на еден од безбројните животни крстопати.Разрешувањето на мистериите од појдовните точки и искачувањето на пиедестал на нашите приоритети не движи,ни ги отвара хорисонтите на разграничување.Со измешани мисли,согледувајќи ги околностите во животното постоење ќе сватиме дека успеваат луѓето кои кои движат,размислуваат и се борат за успех.Успех,толку многу посакуван,но никогаш не дефиниран.Успехот не се дефинира,тој доаѓа сам по себе рефлектирајќи ги желбите,поривот кон нивното применување и сплетот на одлуки кои сме ги измешале да го добиеме успехот.

Неуспех не постои, и ако веднаш се запрашате,но како,размислете што е тоа ако не постои успехот.Не можејќи да направиме споредба на ладното,немајќи го топлото,закопано во нас ќе се јави размислувањето што не движи кога стоиме?

 

+147