[Литература] Јана Крстевски – VIодд.

Тема : Што ме движи додека се стои?

 

Раширени крилја

 

Сиви облаци над глава ни натежнаа,

бура од солзи нови реки содадоа,

Тишината стана премногу гласна ,

широката насмевка одеднаш згасна.

Светот се затвори во една рамка,

додека храбриот бел мантил

го исцрта срцето на сечија дланка.

Детскиот глас во мене викна,

сончев зрак во моите очи бликна.

Со еден крик го почнувам новото утро,

Денот е убав!!!- почнав да размилувам мудро.

Станете сите, исправени пред дните,

ајде да чекориме гордо и смело,

сплотени заедно да направиме хумано дело.

Да ја подадеме нашата рака,

да помогнеме насекаде , на секого,

да ја олесниме туѓата и нашата мака.

Среќните лица и добрите дела

да бидат наша цел за подобра иднина,

светла, розева, бела.

Сите ние сме дел од овој свет,

птици со раширени крилја

кои го уживаат својот слободен лет.

 

 

+163