[Литература] Ивана Апостолова – II година
Што ме движи кога сè стои?
Живеејќи во ова тешко време на пандемија, човекот се затвора во себе и станува заробеник на своите мисли. Секако, не по наша вина, ние сме принудени да живееме во оваа ситуација на страв, изолираност, паника, опасност за нашите животи и животот на остаанатите.
Што ме движи кога è стои?
Ме движат силните мисли што ми го шират хоризонтот, што ми ги кинат јаките синџири заврзани на моите нозете и ме тераат да се движам кон поубава и посветла иднина. Мислите кои ме тераат во топлите прегратка на нашите вистински пријатели- родителите. Да ги прегрнам најблиските, да се радувам на прошетките со другарите, на среќните моменти и да можам да надокнадам за сè што е пропуштено.
Ме движи самата мисла дека стравот од ова “ чудовиште ” со кое се соочува целиот свет, еден ден ќе заврши и повторно ќе можеме да се вратиме во нормален живот. Да можеме да прославуваме родендени, да одиме на патувања далеку во странство како порано, мислата дека повторно ќе можеме да седнеме во училишните клупи и ќе бидеме среќни и расположени.
Ме движи…..Што ме двжи? Сè она што е љубов, самодоверба, смеата, пешачењето, помислата да се издржи во ова тешко време, да го надминеме ова и да го затвориме овој прозорец и да отвориме нова врата на среќа. Да не дозволиме негативните мисли да владеат со нас и да гледаме само на позитивните случувања во нашиот живот.
Ме движи…. Самата помисла дека повторно ке бидеме среќни, да ја посетиме најблиската книжарница и да си дозволиме една книга на среќа од каде секојдневно ќе црпиме позитивна енергија, мудри мисли, радост, љубов, среќа…..
Самата пандемија нè донесе во ситуација да стоиме во место, заробени сами со себе, со нашите мисли. Нашите мисли, кои се единстевно нешто што не движи додека стоиме. Не натера да бидеме под продолжен стрес и направи економски, социјални и образовни последици. Но, затоа тука постои една звезда водилка, една светла точка во темнината што ни дава сила да го издржиме сето тоа што ни се случува. Тоа е позитивната мисла, и таа е тоа што ни помага да го надминеме сето ова и повторно да бидеме среќни и расположени, да не се чуствуваме загрижени, лути, исплашени, тажни…
Стојам, но се движам. Ме движи во овој свет позитивната мисла, ми ги ослободува синџирите од нозете и ми дава сила и моќ да гледам само напред и да верувам дека сите убави работи ќе ни се случат и ке дојдат во наши раце. Животот доаѓа само еднаш, треба да го сакаме, бидејќи не денес или утре, можеби за една година работите ќе се средат и сè ќе биде како порано.
Ме движи…. секое ново утро ме буди помислата дека секој следен ден ќе биде поубав од претходниот, нов предизвик. Не знаеме што може да ни донесе, но треба да го пречекаме со отворено срце и да го живееме најдобро што можеме.
Јас чекорам напред во иднината. Помеѓу минатото и иднината живееме во сегашноста која е сурова, но вистинита. Секој ден треба да црпиме по малку од изворот на позитивноста за да можеме да се движиме напред, бидејќи ние ја имаме моќта да го направиме овој свет поубав за живеење.