[Литература] Илија Тевдовски – IV одд.
Што ме движи кога сè стои?
Сите ние ко голема брана,
а црн облак доаѓа од страна.
Немој нека не пука,
Не ни треба таква бука!
И до сега трпевме,
Ко на силен ветар да се вееме.
Но надеж не губиме,
И ни иде силно да запееме!
Додека од страв сме смрзнати,
И од далеку им мавтаме на другарите,
Ништо не не поколебува,
Ги сакаме силно и младите и старите.
Знам ќе ја победиме и оваа мака,
Во оваа битка Ви подавам рака,
да почнеме другари силно и вредно,
да се бориме заедно,
да се бориме вака:
Да кренеме маска со насмевка под неа,
Со топка ил’ хаска да трчаме по трева.
Да миеме раце со сапун и вода,
Да учиме вредно од дома е мода.
А ќе дувне ветре,
Ќе истера облак,
Ќе раздвижи градот,
Ќе запее со нас.
Мислата ми брза до другарче мое.
Да излезе сонце златно,
Да играме пак заедно,
Небото да е како бело платно,
А ние ко птиците распеани под него!