[Литература] Јана Велјановска – V одд.

ОРХАН НА СЕМАФОР

 

 

Низ прозор го гледам, гладен, бос, за леб моли.

Низ мисла го допирам со желба ништо да не го боли.

 

Се чувствувам лошо и во душата тажно,

кога окото на Орхан ќе застакли влажно.

 

На сонце и дожд, парталав и гладен,

со душа тажна и поглед страден.

 

Се враќам дома, посрамотена некако,

за сите облеки и играчки што ги уживам без труд, секако…

 

Замислувам некоја куќа, во неа бар кревет еден,

а на него да спие Орхан – кој секој ден е вреден.

 

И не знам тогаш, кому за илјада вакви деца да кажам,

дали со кифла да ги наранам, дали во песна за нив да раскажам.

 

Ми доаѓа да трчам и да собирам играчки, книги и пари,

за Орхан нови патики да најдам од моите другари.

 

Ех да имам сила, па од колона долга автомобили,

на момент да ги претворам возачите во самовили.

 

Но, поминуваат луѓе, не врти никој глава,

само една тетка гледам паричка мала во рачето му става.

 

Возрасни некои тогаш доаѓаат, парите му ги одземаат,

одново како роб да проси го спремаат…

 

И слушам некогаш, како гласови да има во празната тишина,

Орхан ја довикува својата вистина!

 

“Помогнете ми деца“, низ најтажна песна да пее,

“помогнете ми да сум како вас“, го слушам Орхан и плаче и се смее.

 

Ноќе тогаш, совеста ми вели: треба да се смени светот,

И ТОЈ ИМА ПРАВО НА ДЕТСТВО, НЕЛИ?

 

 

 

+287