[Литература] Елена Тимова – IV година

 

Што ме движи кога сè стои?

 

Еве веќе година дена откога ние само стоиме во место. Ја живееме младоста во пандемија. Овој ужасен вирус ни ги украде нашите најубави денови од цутот на младоста, а не ни даде ништо за возврат. Од училници се преселивме пред комјутер, од секојдневна дружба со другарките сега веќе и се заборавивме. Светот стои, вирусот си ја игра својата улога максимално покажувајќи си ја својата моќ. Сè ставивме на пауза за едно ошто добро – за здравјето на сите нас.

Желба ни беше да можеме да го смениме начинот на живот, оној пребрзиот, безчувствителниот. Една мала честичка, само микроскопски видлива, ни предава животни лекции. Не планирајте многу, не брзајте многу!- ни вели тој. А ние само треба да се запрашаме кои работи нè држат во живот? Што нас нè движи, кога сè стои?

Како и секоја млада индивидуа, така и јас имам желби и соништа. Токму тие соништа – мојата визија, ме поттикнуваат секое утро да станам и да се борам. Да се борам за да ја постигнам мојата цел. Инспирацијата ја пронаѓам во луѓето околу мене, а тоа е моето семејство и моите пријатели. Чинам тие се оние коишто секогаш го наоѓаат вистинскиот збор во којшто јас ја пронаѓам мојата утеха и мојата надеж за иднината.

Фразата дека животот е тежок нам ни е станата клише затоа што секој од нас ја има слушнато безброј пати до сега. Колку е таа всушност вистинита? Можеби ние луѓето и навистина не се трудиме воопшто за да постигме нешто. Ја очекуваме добрата вила да замавне со своето магично стапче и одеднаш да ги исполни сите наши желби. Пробуваме да ја избегнеме реалноста, суровата реалност и се преселуваме во напата фантазија – таму каде што нашата душа е посмирена.

Светот е станато место едно место со недостаток на искрени емоции и недостиг на човековите вистински вредности. По суровиот пат на успехот најверојано сме ја заборавиле толеранцијата кон другите, солидарноста и еднаквоста. Човековиот род сè повеќе се навикнува да гази сè пред себе само за да стигне до посакуваната цел. Зошто сме дозволиле да нè завладеат љубомарата и зависта, да нè опколат со нивните канџи и да сме приморани да чекориме по животниот пат заедно со нив. Оваа помисла, дека јас нема да сум доволна прифатена од останатите, ме кочи и ми го попречува патото до успехот.

Помина веќе една година од кога сме ставени „на пауза“, а сè уште не сме ја сфатиле лекцијата која овој вирус се обидува да ни ја објасни. Вредноста на семејството и најблиските е многу поважна од излегувањето. Да знаеме да ја зениме уметноста. И секако најважната, да се почитуваме меѓусебно. Сега кога сме во тешко време-невреме сите ние поминуваме тешки мигови, кога е многу важно да заборавиме на дискриминацијата.

Во некоја поубава иднина би ме движело знаењето дека секоја еднинка ги ужива своите права подарени од демоктратијата, но сега за сега за тоа ќе почекаме. Сакам да се промени барем малку сечие гледиште околу прифаќањето на различностите. Сакам да се будам секое утро знаејќи дека таму некаде некое мало дете ги има исите услови за живеење како мене.

Сега ме движи силата од љубовта на најблиските, кога ќе остарам се надевам ќе ме движи силата од благодетите коишто сум ги постигнала во животот. Ме движи желбата за успех. Идејата дека некогаш ќе бидам една успешна жена на многу полиња.

 

 

+66