[Литература] Бруно Ивановски-VIII одд.

 

Што ме движи кога се` стои?

 

Кога другар ми е во неволја,

Кога бара помош и очајно бара рака,

Не можам да го игнорирам, заедно сме и во студено и во врело,

Во кратки црти, помагам, а тоа е солидарно дело.

 

Кога брат ми помалиот сака да се прави голем,

И кога без да праша ми го зема телефонот,

Јас како поголем останувам фрапантен,

А што да правам? Воспитан сум да сум толерантен.

 

Кога наставникот по биологија,

Не ме испрашува, а четворка ми става,

Кревам рака упорно, правам презентации за фауна и флора

Правда во оценувањето да има мора!

 

А што имам сосед добар, во количка се движи болен,

Редовно му помагам за пазарење и низ патот си муабетиме многу,

Многупати се радуваме, многупати заедно тагуваме,

И многу често за инклузија зборуваме.

 

 

 

 

 

За маалото мое, комплетно не ви раскажав,

Македонци, Албанци, Роми,

Сите се почитуваме, соживот негуваме,

На улица “Среќко Пужаљка”, дискриминација не практикуваме!

 

Ете така и се` да стои, мене има што да ме движи,

Познавајќи ги европските вредности,

Јас можам да чекорам напред само,

Со другарот, наставникот, соседот, со брат ми , рамо до рамо.

 

 

 

 

 

 

 

 

+16