[Литература] Валерија Атанасовска – VIII одд.

,,Што ме движи кога се стои’’

Една прекрасна тема,една прекрасна реченица која би не натерала да се задлабочиме во самите нас,во нашите мисли,срце,душа,емоции и да се запрашаме-Што ме движи кога се стои?Човекот па и се на земјата,дури и небесните тела и се околу нас се движи, тоа едноставно е во самото постоење на нашиот универзум,во секоја честичка,во секој атом.Не би требало да постои човек кој би се препуштил на фразата што е мое ќе си дојде,треба сила,мотив,желба за движење напред.Моја движечка сила се надежта,љубовта,вербата,желбата за подобро утре,да успеам да ги израдувам луѓето околу мене,да направам добро дело со кое би променила барем малку од светот околу мене.Има толку многу работи кои и со самата помисла на нив ми даваат движечка сила,па дури и кога се стои околу мене.Имам толку желби кои ме движат да одам напред и да се надевам дека ќе успеам да придонесам со добри дела кои би останале запаметени,па иако тоа би било и само од мал број луѓе.Надежта во човековото срце е бисерно зрно,која треба да биде само откриена за да се мотивира,за да добие сила за идни успеси,не треба да се откажуваме.Животот ни се промени на сите во денешнава ситуација,но и тоа може да го согледаме и на подобра страна,дека не учи што ни е важно во него,здравјето,семејството и луѓето кои ги сакаме да се здрави и живи,не учи и во оваа состојба да не се откажуваме и да се бориме за нашиот живот и подобро утре,да бидеме истрајни и да ги цениме вистинските вредности кои се бесценети.Иако застана речиси целото темпо на живот,културен свет,образовен,едукативен сепак кај мене остава сила и верба да се помогне во секоја свера од животот,вклучувајќи помош на лицата кои неможат да ги напуштат своите домови,па се до пронаоѓање решение за да се надмине и овој предизвик кој ни го наметна животот.Би сакала барем дел да размислуваат како мене и да ја црпат силата за одење напред од искреноста на нивната душа.Да се навратам на дел од моите движечки сили,кои се надевам дека барем на дел од луѓето околу мене ќе дадат добар пример за неисцрпната енергија кој ја имаме во нашето тело,а таа може да ја насочиме кон вистинската цел.Можеби некои би рекле дека ова се веќе видени идеи,но мојата сила неизмерно ја црпам за да помогнам и променам некои работи особено за децата и луѓето на кои им е најпотребна.Да оставам траг па дури и само со пишан збор,есеј,песна кој во иднина ќе помогнат на оние кои ќе ги прочитаат за да најдат утеха,надеж,светла точка во нивниот живот,како не би се откажале од своите желби и остварување на нивната цел.Имам сила да се потрудам,па иако е тешко целосно да успеам, да вратам дел од насмевките на нечии лица,многу пати и сум спомнала да ги запрам сите војни кои одземаат нечии домови,уништуваат семејства,детски насмевки.Ме движи силата да можам на миг да ја запрам оваа забрзана технологија,мислам на нашата детска комуникација,која веќе и не постои за жал,бидејќи се се сведува на компјутерски игри,таблети,телефони,да ја вратам онаа комуникација кога безгрижно игравме на училишните терени,натпревари,пеевме песни,навивавме за нашите екипи,училиштата ги исполнувавме со џагор и смеа.Кога би можела дел од моите движечи атоми да пренесам на оклолината оклолу мене.Ме движи желбата да спасам нечиј живот,да избришам нечија тага и солза пролеана по лицето,да уживам во новото утре,во зраците на утрешното сонце,да гушнам и израдувам некој на кој тоа му е потребно,да помогнам,би рекла ме движи напред силата и желбата да имам моќ да променам многу нешта, ме движи напред желбата да пишувам,надевајќи се дека еден ден ќе се врати онаа вистинската вредност на пишаниот збор.Без разлика на нашата емоционална состојба во пишаниот збор,секогаш може да најдеме утеха и мотив за да одиме напред.Многу автори кои оставиле трага на современата литература,па и неспорно на нашата македонска литература,биле тажни,скршени од различни емоции,но не се откажале од своите идеи,туку ги преточиле во напишани зборови,песни,романи кои денес ја променуваат нечија иднина и даваат сила за движење напред и кога се стои.Мојата желба за надоградба и исполнување со нови познавања,ми дава мотив и храброст за повисоки цели,мотив за да придонесам со нови идеи и знаења во нашето опшество.Во нашата земја имаме и возрасни и деца кои се таленти во различни области,на кои може да се огледаме,како може да создаваме и допринесуваме за доброто на сите.Да успеваме да го извлечеме секогаш позитивното од било која и било каква ситуација,да знаеме да ја препознаеме поуката која ни ја дава животот,затоа што тој е секој миг,секоја воздишка од нашите гради,да го живееме со позитивна мисла и храброст,никогаш да не се откажеме и да не застанеме.Нашите соништа треба да не водат низ сите препреки кои ни престојат,животот не е лесен,но затоа пак ние сме индивидуи кои се способни да носат сами одлуки,да се образуваме да имаме цел и желба да останеме на врвот од природата.Нашата самосвест и самокритичност треба да ни овозможи да бидеме се подобри и поуспешни,да подадеме рака кога е потребно,да дадеме дел од нашето раздвижено јадро на оние на кои им е потребно да ги повлечеме напред во животот,да им помогнеме да го осветлат патот по кој се загубиле.Мојата надеж ми дава сила да продолжам да се движам,и да се надевам дека ќе успеам да допрам до сржта на она суштинското што ни ја дава сета енергија за да успееме.Ме води желбата да заврши сето ова денешно лудило и со искрени насмевки на лицето да ја покажеме нашата емоција,да ги обновиме нашите пријателства и да ги залечиме раните кои се последица на истото.Горда сум што можам да кажам дека сеуште ја имам силата како од првиот ден,надежта дека се ќе биде добро,љубовта гледајќи ги семејството и луѓето што ми значат како и желбата да го променам сето лошо во добро.Ме води и мотивира секојдневно да се надоградувам,читам и размислувам на кој начин да ги променам работите.Можеби звучи како да сум премногу позитивна,но тоа е мојата сила,тоа е моето движење.И покрај сите удари кои може да ни бидат нанесени од страна на животот,треба да се потрудиме да ги надминеме,а со самото тоа стануваме позрели,по борбени,по издржливи.Да бидеме силни и исполнети со трпение кое ќе ни помогне правилно да ги расудуваме и решаваме сите проблеми,кое ќе ни помогне да ги донесеме правите одлуки во вистински момент.Се надевам дека и таа моја движечка сила ќе допре нечие срце и разум во денешниот свет.Дека барем дел од моите идеи ќе ги преточам преку зборови,да станат идеи на другите,да создадеме едно подобро утре.Ако неможам на друг начин се надевам дека преку пишан збор ќе допрам нечие срце како композиторот што го допира преку својата музика.Да се потрудиме да бидеме верни на своите вредности,да се радуваме на малите нешта и во сето тоа да бараме надеж,сила моќ да се движиме напред.Можеби неможам да направам многу,но сигурно некој ќе посака да го следи мојот пример како јас што следам примери од други луѓе.Светот се сите оние кои го сочинуваме да се потрудиме да не застанеме и да се движиме со цел да го направиме уште подобро место за живот за новите генерации.Ме движи желбата еден ден да бидам гордо исправена,да погледнам наназад и да можам да кажам-Еве овој успех и промена на подобро се мое дело,тоа е мој успех.Ете тоа е силата што ме движи кога се стои.

 

 

+104