[Литература] Антонио Ковачки – VII одд.
„Што ме движи кога сѐ стои?“
Кога глава на перница ке ставам
и во еден миг затворам очи,
едно нешто во мисла ме става
дали има еднаквост меѓу човековите права?
Сите ние сме како едно
а тоа за нас е нешто вредно,
штом љубов помеѓу нас царува
Бог нас ќе не дарува.
Кога човек на човека ќе подаде рака
тој ќе ја надмине секоја мака,
насмевка на лице ќе се јави
и човек на човека добрина ќе направи.
Целиов свет и да сопре
мене тоа нема да ме допре,
во мене мислата се движи
а таа успеси нижи.
Обоете го светов в илјада бои
и на тој начин ќе бидете свои,
и во тој миг можеби се ќе стои
а вашата рака светот ќе го бои.
Солзи радосници по лица ќе течат
а гласовите наши ќе ечат,
рака за рака фатени
ние ќе се движиме,
а успех по успех ние ќе нижеме.
На дланка го држиме светот
а ние го чекаме летот,
како пеперутка злато крила што лета
така ние ќе летаме
и на прекрасни места ќе слетаме.