[Литература] Андрија Манџуковски – III одд.
Што ме движи?
Што ме движи,
Кога се друго стои?
Има многу нешта
Тешко се брои.
Најпрво моите сестра, татко и мајка,
што прават се,
за да можам јас
да живеам како во бајка.
Ќе ги споменам и
моите другари тука,
со кои везден
по улиците правиме бука.
Ме движи
и кога фубал играм,
сакам еден ден
Роналдо да го стигнам.
И кога цртам
убаво ми е,
моето блокче
бројни тајни крие.
Епа, крајот на мојава песничка
веќе ни се ближи.
А јас ви кажав за она
што кога сѐ стои, мене ме движи.
+34