[Литература] Ангела Стојанова – VIII одд.
Што ме движи кога сè стои ?
Го сакам времето кое го посветувам на самата себеси! Ја ставаш слушалката во уво, потпирајќи се на студениот ѕид и музиката ќе почне. Мелодијата ќе помине нежно низ моите уши и ќе го почуствувам ритамот на движењето. Басот навлегува длабоко во мојата мисла, знаејќи точно каде патот ме води.
Ова е мојот начин, начин со кој за миг заминувам од реалноста, начин со кои сум подвижна кон размислувањата, подвижна дури и кога сè околу мене стои во место. Нотите кои ги произведува гитарата ме тераат нежно да заиграм, бурната мелодија на пианото, го моли моето срце да дозволи клучот на музиката да навлезе длабоко во него. И тогаш го слушам нејзиниот мил ангелски глас кој ме гали преку слушалката кога запејува милно! Ненамерно ја пуштам солзата! Ја паметам секоја нота. Ќе навлезам длабоко, како песната да е само за мене, како да свират само за мене. Тешко испеаните зборови длабоко се врежуваат во моето срце, оставајки некаков белег, некаква трага.
Повторно седам мирно, но чувството во мојата глава е многу различно! Слободата, како најверен пријател, ќе тропне на вратата од мојата детска соба. Креирам мој свет. Сè околу мене е онака како што ќе посакам, токму онака како што замислувам….. секоја мелодија – различен свет. Опејувањето на реалноста во која живееме, тешките зборови ја тераат самата моја помисла да се наежи … .
И сè околу мене ќе застане, но тие продолжуваат. Ова ќе трае и трае сите помислуваат дека си зависен од пианото, двете гитари, ангелскиот глас или силниот удар во тапаните. Сепак е неразбирливо. Не разбирливо како сето тоа може да те заврти триста и шеесет степени во место, како можеш да уживаш во сопствената мисла. Приказната ни е подарена на сите, само треба да се пронајде длабоко во нас!
Движејќи се во место со мелодијата и моето мечтаење, се пронаѓам и себеси. Која сум, која всушност би сакала да бидам? Сите тие одговори ги пронаоѓам во мојата имагинација. Движејќи се во место!
Поминуваат денови, месеци, години. Се обидувам да побегнам повторно од сè што е околу мене. Сакајќи повторно сè да може да застане во место, а јас пак да можам да ги раширам моите крилја. Денешницата е таква … крута и сурова, полна со луѓе кои го вперуваат завидувачки погледот кон тебе покажувајќи во разликите кои ги држиш цврсто при себе. Проблемите се насекаде, а реалноста продолжува да прави рингишпил во нашите глави! Целта е да си безгрижен … Без разлика на сè, повторно се впуштам во мојот свет, уште подлабоко.
И слободата, ене ја, затропнува повторно, а јас пак ја дочекувам со раширени раце. Инспирација!
Текстот кој остави белег во мене повторно ќе почне да пече! Како знакот на автопатот кој го води возачот, така ова мене ме води и ме движи. Исто како некој диригент кој управува со оркестарот. Се движам. Чувство. Како ѕвездата на небото која беспрекорно свети во ноќта. Тие се она што ме вади од кожа, тие се оние кој ми ја даваат мотивацијата да продолжам. Симфонијата на металот е она кое мене ме движи кога сè друго стои.
Приказните кои ни беа кажувани како помали, секогаш ќе бидат точни. Малата сирена која залутано плива низ океанските води. Јас…
Милозвучниот звук на симфониската флејта, океанските бранови, времето за помирување, време во кое се допира до срцето на соговорникот. Нежниот допир на клавирот со прстите. Мир…
Планинските врвови кои треба да бидат искачени. Животот… Детскиот ролер-костер кој постојано и незапирливо се врти заедно со симфонијата. Силно движење…Како балерина во магичната кугла која ќе се сврти секогаш кога ќе го направам вистинското нешто. Во ритамот на океанот. Повторно, имагинацијата. Човечкиот мозок во својата глава создава свет заснован на она што го собира од средината која и го опкружува. Туркајќи ја количката на желбите. Движејки се со неа. Повикувајки го минатото за помош секогаш пропаѓам во јама на неочекувања.
Ѕиркајки нежно низ прозорецот, како мало дете, имаше само тивок карневал и недовршени приказни. Зачуденоста и исчекувањето го родија вистинското јас. Потоа повторно нешто чудно се појави на мојот пат, ми покажа каде би можела да се движам. Ја разбуди убавината во мене, ми го даде клучот од вратата која води до движењето во место. Изучувајќи го животот заедно со мелодијата на металот, неговата хармонија. Чувствувајќи каде припаѓам.
Конечно дојдов онаму каде би сакала да сум. Го пронајдов светлото, длабоко во мене. Би сакала да ви кажам уште многу, но на крајот од тунелот, на крајот од секоја книга, на крај на секој брег стои надежта. Мојот животен учител секогаш е овде да ме поттсети дека не еднаш се живее, туку еднаш се умира. Се живее секој ден, но се умира само еднаш! Пробај да го искористиш своето време посветувајќи се на твоето семејство, на самиот себе и она што те прави среќен и те движи во место. Пронајди се себе си !
„ … Нормално е сите да умреме
и тоа нè прави среќници.
Повеќето луѓе никогаш нема да умрат затоа што никогаш нема ни да се родат… „.
„ … Потенцијалните луѓе кои можеа да бидат тука, на мое место, всушност никогаш нема да ја видат светлината на денот,
се повеќе од зрнцата песок на Сахара … „ .
-Richard Dawkins-
– Nightwish – The Greatest Show on Earth –