[Литература] Ангела Саздова – VI одд.

„Што ме движи кога сè стои?“

,, Љубовта е мојата сила’’

 

Животот не е розово обоен

Носи со себе и радост и тага

Вреди да се борам,

да живеам со сета снага.

Кога мислам дека сѐ црно е

Дека нема излез, ќе се сетам

После дождот доаѓа сонце

Душa да ми згрее.

Што ме движи кога сѐ стои?

Што ми дава сила да продолжам напред,

Да не сопирам,

Гордо да чекорам?

Семејство, пријатели, наставници, искрени, мили

тие се мојата сила,

ми даваат поддршка,

со љубов ме движат.

Знаењето е богатство, сила и моќ

Искуство од него црпам,

Мелодија ми го полни срцето

Од здравје ми блика лицето.

Се движам, продолжувам,

Чекорам исправено и кога сѐ стои

Носејќи ги во себе

Вредностите мои.

 

 

+157