[Литература] Андреа Димитровска – IX одд.

Што ме движи кога се стои?

Пред да почнам да пишувам навистина расмислував дека имам многу што да кажам. Што е она кое навистина ме движи кога се на светов стои? Што е она кое ме поттикнува да го прекинам слаткиот сон, она кое ме крева од кревет со некоја непроценлива сила, она кое ме носи во некоја друга димензија? Ова навистина мора да биде нешто тајно, нешто што тешко може да се открие, нешто кое можеби го гледам само јас, можеби некоја сеуште детска имагинација или пак нешто толку многу реално. Сеедно, толку многу сум убедена дека има нешто, дека нешто постои, добивам силна моќ од некаде. Не знам дали ми е потребна помош, некое мерило или било што. Но, се чувствувам доволно голема за да можам сама да направам некој нов чекор во животот, доволно голема за да откријам сама, зар не?

Не сум сигурна дали некој ќе се согласи со мене или пак ќе рече дека сеуште сум мала и не знам ништо за животот, дека сеуште немам научено како да се справувам со работите. Но, овој пат сум убедена во она што го мислам, заземав свој став, онаков како што мајка ми ме учеше уште кога бев немирно дете како што секој од нас бил. Сигурна сум во овие толку несигурни зборови кои што можеби треба да ги кажам или пак да ги задржам во себе за некоја друга прилика.

Вие што го читате ова, или ти до кој што ќе стигне ова обично, а толку необично писменце или некоја животна приказна, знам дека имате нешто кое постојано ве води, нешто што ве движи напред кон животот. Можеби некоја личност, некој предмет, појава, замисла..било што. Е токму тоа на што помисливте во моментот додека го читате е она што навистина ве поттикнува. Јас, која се чувствувам премногу голема и дека можам да направам се што ќе помислам, а во исто време толку многу мала што сеуште не знам ништо. Додека тивко ги вртам првите цртежи кои што едвај успевам да ги сфатам и да го ,,дешифрирам“ секое необично нешто, додека ги читам делата кои беа една убава фантазија, па оние кои честопати мајка ми ги пречитуваше по неколку пати за да ја сфати тинејџерската, тешка содржина која не знам како излегла од моите мисли и го истрошила мастилото во пенкалото и неколку бели парчиња хартија. Тогаш. Тогаш сфаќам дека она што ме движи сум самата Јас. Не наоѓам објаснување за ова, бидејќи знам дека не е потребно. Битна сум Јас и оној свет кој го создавам сама. Онаму каде што припаѓам само Јас.

Денес, мислите ми се полни и овој пат испирација сум си самата себе. Често знаев да се изгубам во густите облаци од настани, во некој плач кој одекнуваше во мојата соба, но набрзо заборавав на сето тоа, па се сеќавав дека морам да го оправдам она што го ветив. А, ветував многу и знаев дека морам да пронајдам некој свој уникатен мотив, нешто што ќе ме движи кога светот тапка во едно место. И се пронајдов себе си. Го чувствувам она дете во мене кое ми дава сила, кое тивко ми зборува дека морам да успеам, дека ако сама не направам нешто, никој друг тоа нема да го направи наместо мене, дека морам сама да бидам своја водилка низ животот, морам сама да ја држам својата рака, морам сама да ги срушам сите препреки пред мене, да ги истрпам сите падови со кои ќе се соочам, бидејќи патот кон успехот не е лесен. Јас имам право да бидам свое нешто кое ме води. Треба да бидам стрплива, морам да бидам толерантна кон себе, затоа што сум свесна дека си должам премногу. Но, знам дека ќе успеам. Му ветив на детето кое мирно спие во мене дека ќе успеам.

Решив дека ќе се водам самата, нема да барам премногу од светот, а ќе давам многу повеќе. Не знам дали ќе трчам, дали ќе одам, дали ќе измислам некоја машина која ќе ми го покажува патот. Но, знам дека ќе се движам дури и кога светот ќе замрзне. Ќе морам да ги оправдам сите очекувања.

Ајде сега замислете на сите работи кои ги сакате. Го замислувате омилениот сладолед, спорт, книга, било што…Но..колку време ви беше потребно да се сетите на самите вие? Колку време ви требаше да се додадете себе си во долгата листа на сакани нешта? Верувам дека многу од вас заборавија, заборавија на нешто кое не смее да се заборави.

Во оваа реалност која не опкружува, тешко е да се пронајде нешто што навистина ќе може секогаш да те придвижува, нешто што ќе те сака безразлика на се. И не барајте премногу, затоа што она што ви е потребно го имате. А, тоа сте самите вие. Се имате дури и кога ништо немате. Порбајте, па бидете свои сведоци. Сведоци кои ќе раскажуваат за својата водилка, својот поттик. Сведоци кои ќе раскажуваат за себе.

А, дали вие имате ваше ,,ме движи кога се стои“? Доколку не, не знам што чекате, пронајдете си нешто свое, како што јас се изградив низ густата магла која беше пред мене. Бидете креатори на вашиот живот. Со мојава приказна, сакав да се задржам на темата, но сакав да оставам и една моќна порака. Сакам сите да имаме нешто кое ја пишува нашата иднина. Нешто кое ќе биде виновник за нашиот успех. Нешто тивко, а во исто време толку многу гласно што ќе може да го надвика целиот свет. Нешто толку немоќно, а во исто време толку многу силно што ќе може светот да го претвори во тркало кое лесно ќе се движи низ вселената. Кога имав право да бирам, јас се избрав себе си. Од самиот почеток,па се до вистинскиот крај. Би пишувала уште многу, но мисливе овој пат ми се ограничени. И, за крај би додала: ,,Дното што го достигнав стана цврста основа врз која повторно го изградив својот живот. Смислата на животот не е да се пронајдете себе си, смислата на животот е да се изградите себе си.“ Онака како што се изградив и пронајдов свое Јас.

 

 

+511