Врз основа на член 30, став 1 од статутот на приватното средно училиште „Алгоритам“ и член 8 од правилникот за критериумите и постапката за упис на ученици, наставничкиот совет на гимназијата „Алгоритам“ распишува

КОНКУРС

за упис на ученици

во прва година на гимназиско образование

учебна 2019/2020 година

Приватната гимназија „Алгоритам“ објавува ТРЕТ УПИСЕН РОК за запишување ученици во учебната 2019/2020 година за гимназиско образование.

УСЛОВИ:

Учениците за да се стекнат со статус на редовен ученик во гимназијата „Алгоритам“ треба да пополнат и испратат апликација за упис на: info@algoritam.mk како и да достават оригинални свидетелства од претходните учебни години.

Потребни документи и начин на пријавување за ученици во прва година:

  • Пополнета пријава (апликација) за упис, достапна во продолжение
  • Свидетелства за завршено шесто, седмо и осмо одделение (дополнително ќе се достави и свидетелството за завршено деветто одделение) и
  • Фотокопија од извод од Матична книга на родени.

Документите се доставуваат во тврда копија во просториите на училиштето или скенирани по електронски пат. По извршената селекција, идните ученици ќе биде потребно да ги достават оригиналите на документите.

Рок за поднесување документи:

28-ми јуни 2019 година

Контакт информации:

e-mail: info@algoritam.mk

Телефон: +389 2 3 116 750

Адреса:  ул. „Даме Груев“ бр. 16, БЦ Палома Бјанка, 6-ти кат, 1000 Скопје

Контакт лице:

Зоран Зивчевски, заменик-директор на Гимназијата