Врз основа на член 39, став 1 од статутот на приватното средно училиште „Алгоритам Центар“ и член 8 од правилникот за критериумите и постапката за упис на ученици, наставничкиот совет на ПСУАлгоритам Центар“ распишува

КОНКУРС

за упис на ученици

во прва година на гимназиско образование

учебна 2020/2021 година

 

ПСУ „Алгоритам Центар“ објавува  УПИСЕН РОК за запишување ученици во учебната 2020/2021 година  за гимназиско образование.

УСЛОВИ:

Учениците за да се стекнат со статус на редовен ученик во гимназијата „Алгоритам“ треба да пополнат и испратат апликација за упис на: info@algoritam.mk како и да достават оригинални свидетелства од претходните учебни години.

Потребни документи и начин на пријавување за ученици во прва година:

  • Пополнета пријава (апликација) за упис, достапна во продолжение
  • Свидетелства за завршено шесто, седмо и осмо одделение (дополнително ќе се достави и свидетелството за завршено деветто одделение) и
  • Фотокопија од извод од Матична книга на родени.

По извршената селекција, идните ученици ќе биде потребно да ги достават оригиналите на документите.

Рок за поднесување документи:

30-ти јуни 2020 година

 

Контакт информации:

e-mail: info@algoritam.mk

Телефон: +389 2 3 116 750

Адреса:  ул. „Даме Груев“ бр. 16, БЦ Палома Бјанка, 6-ти кат, 1000 Скопје

Контакт лице:

Зоран Зивчевски, заменик-директор на Гимназијата