[Литература] Леона Стојковска – VII одд.
„ШТО МЕ ДВИЖИ КОГА СĖ СТОИ“
Нашиот живот многу е шарен,
на секое дете тој му е дарен.
Другарството и љубовта
да царува секој сака
и никој да не е, на голема мака.
И ете, се случи со сила на светлината,
овој чуден вирус ни ја помати судбината.
Од исток и запад, север и југ,
секој нека вложи свој максимален труд.
Тогаш тежината,
нема да ја чувствуваме
и на секој проблем
пријателски ќе соживуваме.
Штом сите заедно
под исто сонце живееме,
ајде тогаш сложно
повторно гласно да запееме:
за пекарите, за докторите и професорите…
Ви Благодариме УЧИЛИШТЕ
и ПРОФЕСОРИ смели,
науката покажа дека моќта во знењето се темели.
Во нестандардни услови кон иднината нė насочувате,
и никој несака кон лошото да се сврти,
бидејќи со нашите силни мисли,
ЗЕМЈАТА ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА СЕ ВРТИ.