[Литература] Леона Соклевска VIII одд.

Што ме движи кога се стои

 

Тежи оваа пандемија. Тежи многу. Нормално е да имате чувства како што се стрес, вознемиреност, тага и страв во вакви периоди. Кризата со корона вирусоте нешто што никогаш порано не сме годоживеале.

Една од најстрашните работи е неизвесноста. Сè продолжува да се менува: токму кога ни се чини дека работите се подобруваат, повторно се влошуваат. Човечките суштества ја мразат неизвесноста и сакаат загарантирани одговори. Бидејќи ја нема и затоа што има толку многу различни информации насекаде – нашата вознемиреност се зголемува. И нормално е така да се чувствуваме со оглед на околностите. Кога нашите животи се чувствуваат толку различни и несигурни, тоа може да предизвика многу разбирлива фрустрација, конфузија и грижа.

Можеби ќе забележиме дека расположението ни опаѓа. Нашите умови може да не бомбардираат со прашања: Кога работите ќе се подобруваат? Што друго може да тргне наопаку? Колку и да се трудиме, никој од нас всушност не може да спречи да се појават различни мисли и чувства. Она што можеме да го сториме е да научиме начини на справување со нив и да одговориме поинаку на нив.

Па тогаш се прашувам како да си помогнеме себеси и на другите?

Клучот е да се биде милостив кон себе. Обидете се да јадете здраво. Вежбајте таму каде што можете. Држете се до рутина за спиење. Бидете љубезни и со другите. Правејќи го ова, правите да се чувствувате добро и вие самите. Одвојте време да ги направите работите во кои уживате. Дури и ако не можеме да излеземе надвор, можеме да гледаме, да читаме, да играме, да слушаме и да учиме. Останете во контакт со луѓе што ви се допаѓаат и им верувате. Видео повиците се полесни отколку што некогаш биле и секогаштребада учиме, да се грижиме семејството и најмилите да се безбедни и да ги сакаме повеќе од било кога.

Желбата е патот, а надежта треба да биде водилка на секој човек до остварување на одредена цел. Така треба да биде и со победата како форма која сите ја посакуваме. Победа во спортските натпревари, победа над некоја болест, победа издвојувана после многу порази и едноставно подеба над смрта.

Желбата и надежта до победа за поубав свет, лежат врз сегашните и идните мади генерации. Ова едноставно е потврдено уште многу одамна, од постанокот на човекот, па се до денешниот ден низ хронологијата на многу војни, природни катастрофи и болести.

Така е и сега. Силната желба и надежта последни умираат, ќе донесат победа над оваа Пандемија и ќе го направат светот поубаво место за живеење на сите живи суштества, меѓу кои на човекот.

Тоа е за општото добро на нашето човештво. Но, тука е и нашата индивидуална активност. Секој од нас маладите, секој ден да направи добро дело. Она што јас деновиве го правам како добро дело е снабдувањето со храна и лекови на два социјални случаеви во нашето соседство. Јас и моите родители со заштитна опрема пазариме на места каде нема многу купувачи и во време кога се почитуваат мерките од Владата. Потоа ги отстрануваме нараквиците и маските, се дезинфицираме со алкохол и секој купен производ го поминуваме со дезинфикционо средство. Потоа, ги одделеуваме производите за двете фамилии и јас секое утро им ги оставам на вратата заедно со кратко писмо за нивна поддршка.

Денес им ги имав напишано следните пораки на фамилијата со малото детенце: „Ви посакувам убав сончев ден и сакам да знаете дека нашата фамилија заедно со мене ви ја даваат поддршката од душа за се што ви треба. Ве сакаме од срце. Леона“. На другата комшивка која сама живее и има здраствени проблеми и напишав: „Одвај чекам да се стопли времето и да заврши оваа ситуација. Ми недостига твојата насмевка од балконот која ја добивам секој ден кога се враќам од училиште и кога од срце ќе се израдуваш за моите петки. Имај најубав ден, се слушаме и гледаме на Вибер. Поздрав и од моите родители.“

Ова е најмалото нешто што секој од нас може да го направи. Правете добри дела секој ден, секој миг. Само тие топлат срца и души, само тие се вистинската почит, љубов и името што со гордост треба да го носиме, ЧОВЕК.

Токму тоа ме движи, додека се стои.

 

 

 

+149