[Литература] Леонид Рабреновиќ – VII одд.
„ Што ме движи кога сè стои?“
Денес петнаесети ден во месец февруари. Во исчекување сум да се јави чичко Спасе.
Тој живее блиску до еден од грничните премини со нашата соседна земја Албанија.
Сиромаштијата го доведе Спасе дури до Скопје. И овој пат тетка Лидија му имаше подготвено една голема црна вреќа и скоро секој петнаесетти ден во месецот таа се грижеше да има барем нешто во таа огромна црна вреќа. Не дека таа беше нешто многу имотна, но ете благодарејќи на група нејзини пријателки имаше да стави нешто внатре.
“Секогаш има што да се даде” ни вели таа.
А потоа ете со мислите сум повторно во движење, овој пат сме заедно со чичко Тони.
Тој е бездомник и секогаш може да го најдете во близина на нашиот храм Богородица во Скопје. Него го познавам од пред шест години. Неговиот живот е сосема поразличен од животот на чичко Спасе.
Се сеќавам еднаш бевме во неговиот дом додека не остана на улица. Немаше со што да нè послужи се разврти наоколу и извади колачиња и потоа велеше: “ Земете послужете се ние сега јадевме”
Ново утро, нов ден, нова судбинa. Две години живее сам .За неговата приказна не би говерел многу, но она што ми остава впечаток е дека самотијата не го промени неговиот ведар лик. Секогаш насмеан небаре овој живот не си поиграл со него. Единствено неговата коса е многу подолга а и неговата брада побелела. Благодарен за секој нов ден, благодарен за секоја насмевка упатена кон него.
Пред некој ден го сретнавме одеше во еден од манастирите.
Имало денови кога немал што да јаде и тогаш се упатувал таму. Сестрите наjљубезно ќе го примеа подготвувајќи ја најубавата софра.
Денес седна близу црквата под веќе расцветаната цреша. Со многу љубов и внимание го пречекаа. Многу се радуваа на неговата посета. Дури и јас имав можност да ги пробам нивните убави колачи.
“Ви благодарам, ви благодарам, не знам, не знам, ви благодарам “секогаш го изговараше тоа.
И денес нов ден нов предизвик.
Благодарам ќе кажам и јас.
Благодарам и за Борче од страната „Донирај компјуетр“.
Најнапред голема благодарност бидејќи на мојот другар навистина му пристигна компјутер. И кога мислев дека тоа е невозможно и дека треба којзнае каква „папирологија“ само со неколку кратки упатства стигна и комјутерот за мојот другар.
А потоа ќе речам и благодарам што до денес донирал седумстотини и деветнаесет насмевки во секој дом.
Немав можност да го запознаам но секогаш си замислувам како би можел да изгледа.
Секогаш брз за да стигне на време, исто како тетка Бојана. Таа секогаш брза и мислам дека и тој наликува на нејзе.
Нејзините родители живеат близу нас. Секое утро ја носи помалата ќерка кај нив. Тие се грижат за неа бидејќи таа работи во Градска болница, медицинска сестра и секако се грижи за многу семејства да ја добијат потребната грижа за болните од вирусот Ковид.
Кога ќе ме види на прозорецот пионерески ќе ме отпоздрави онака небаре ми посакува среќен ден во онлајн наставата и со насмевка ќе замине.
Се враќа многу доцна. Во деветнаесет часот повторно се слуша звукот од нејзиниот автомобил. Овојпат да ја земе нејзината ќерка.
Нејзиниот поголем син е петто оделение и како поголем седи сам дома.
Ги остава нејзините деца за да може да помогне на многу други .
И ако денес се запрашам што е она што за мене е движечка сила и дали ова е измислена приказна едноставно ќе ви одговорам, ова не се измислени личности. Тие навистина постојат и се реални. Нивните судбини взаемно се испреплетуваат. Едни без други не би постоеле.
Додека животот за едните како чичко Спасе , Тони, мојот другар и сите болни луѓе стои во место и нивната судбина е секогаш во обид да се придвижи кон подобро, секогаш постојот оние другите кои се движечка сила за нашето општество.
Можеби за нив денес не напишав многу.
Овие луѓе се мојата движечка сила.
Додека сите останати се движат додека се стои. Тие секогаш се еден чекор понапред.
Toa се хероите на секој нов ден. Секогаш подготвени да ја избришат точката и да напишат запирка. Да го продолжат животот онаму каде што застанал.
Понекогаш мислам дека овој наш универзум се придвижува од нивната љубов. Бидејќи сè почнува и завршува со љубовта.
Би сакал да постојат многу личности како нив.
П.с Ако и ти денес ја почуствуваш оваа движечка сила можеш да го побараш чичко Тони па заедно да испишеме неколку запирки. Местото на кое можеш да го побараш, веќе го знаеш.