[Литература] Димитри Наумов – IX одд.

Што ме движи кога сѐ стои?

Мојата татковина, во секакви бои.

Македонијо, те капе сонце во светол сјај!

За мене си вечност и рај.

Тука го поминувам животот мој,

во тебе растам земам здив,

родино мила ти си мојот мотив.

Македонијо каде и да одам, далеку од тебе,

ти за мене си мојот роден кат

и љубовта кон тебе е бесконечен пат.

Татковино, ти си најубавиот рај,

цвет во мај осветлена од сончевиот сјај.

Татковината е сѐ околу мене што не венее.

Таа е мое цвеќе обоено во жолто-црвена боја,

тоа си ти, татковино Македонијо моја!

Посакувам филмови за твојата убавина да снимам

во истите да сум актер главен

за твојата историја и иднина славен.

Планини, езера и реки во себе си скрила

ливади- шаренило од бои.

Топло гнездо за мене си свила

За дедо, татко и децата мои.

Што ме движи кога сѐ  стои?

Мојата татковина, во секакви бои!

+26