[Литература] Димитар Чичовски VIII одд.
Што ме движи кога сѐ стои?
Моменталната состојба во која се наоѓа целиот свет го потресе целото човештво.
Скоро и да нема земја во која нема пациенти и заболени. Кога вирусот првпат се појави во градот Вухан, никој не ни претпостави што не чека.Покрај ширењето низ цела Кина, тoj започна да ја окупира и Европа. Тогаш не размислував за тоа. Ќе слушнев некоја новост, но
не придавав значење. Не ме засегаше мене. Ми се чинеше дека е далеку,дека тој проблем не е наш и нема причина за страв и вознемиреност.Меѓутоа, кога се појави првиот заразен случај во мојата земја, бев изненаден.Не верував дека може да ни се случи. Вистина е кога велат дека туѓа мака не боли. Бев разочаран од себе поради мојата себичност, незаинтересираноста за другите нации,за туѓата болка. Па, сите ние сме човечки суштества, дали треба да си свртиме грб едни на други, да ги игнорираме проблемите на другите …
Сега разбрав …Состојбата се влоши со текот на времето. Со новите денови, бројот на болни и мртви растеше. Промените што се случија беа од поширок размер.Беше воведена и вонредна состојба, полициски час. Училиштата ги затворија училниците, своите дворови,градинките и игротеките останаа празни .Кино- салите,театрите,библиотеките останаа без своите посетители,во парковите и игралиштата го немаше детскиот џагор и смеа.Ми требаше време да се вразумам и да сфатам дека тоа не беше сон.Како светот да застана.Го прифатив училиштето на далечина, се навикнав да гледам некои нови наставници, да користам on-line настава,да поставувам прашања на chat,да праќам презентации и следам настава преку камера… Без дружење, прошетки со пријателите,без посети кај роднини,без родендени и забави.Со нови поздрави,со дистанцирање и заштитни маски,без прегратки и бакнежи.
Се чуствуваме како птици во кафез.Живееме,работиме,учиме,пееме, но без можност слободно
да се размавнеме со крилјата за да ги достигнеме височините на синото небо.
Пандемијата го запре функционирањето на светот,но ги зближи семејствата,родителите со децата,се зголеми нивната креативност и дружење.Во ова време на страв и несигурност,моето семејство е секогаш тука за мене со широко отворени раце полни со топлина и љубов.
Многу работи можат да влијаат на нас,на нашето расположение,да нѐ променат,но сѐ
почнува и завршува со нашите најблиски. Љубовта во едно семејство преставува темел кој поврзува и музика која создава хармонија во домот.Таа атмосфера е единствена цврста карпа која стои исправена и храбро пркоси на сите искушенија, на сите препреки и било какви пандемии и вируси.Моето семејство за мене претставува компас кој постајано ми го покажува вистинскиот пат,ми помага и ме учи на вистински вредности,ме инспирира и поддржува во достигнувањата на нови и повисоки цели.Од нив учам како да се справувам со тешкотиите,со проблемите,тие ме тешат кога сум тажен и се радуваат со мене кога се смеам.Тие ме учат да стојам цврсто на земја,да имам одговорност и обврски.Во ова ново време невреме,мојот дом и моето семејство се моето училиште во кое учам за љубовта,дом каде мојата мајка ми дава топлина и татко ми светлина која ме движи кога светот стои.Тоа е место каде постојано се чувствувам сакано,ценето и сигурно.
Пред ерата на пандемијата,сите ние негде брзавме,немавме време за никого.Ни недостасуваше слободно време,дружба,добра прочитана книга или изгледан филм.Немавме време да ги сослушаме проблемите и желбите на другите,да ги видиме и почуствуваме промените кои се случуваа околу нас. За само неколку недели,корона вирусот предизвика револуција и едно мало,ситно,невидливо.. неуништиво..но сепак суптилно нешто..на цел свет му втера страв во коски,па дури ги натера и големите светските моќници да клекнат на колена пред неговата сила и моќ.Тоа мало нешто нѐ натера да научиме како да ги цениме работите кои ги игнориравме и ги сметавме за безначајни.Ни покажа дека сме зависни едни од други,дека сме си потребни и еднакви во овој животен ланец на преживување.Нѐ научи да го слушаме ветрот,шумот на лисјата,капките на дождот,мирисот на зготвената храна…Го покори цел свет, но не успеа да ја победи надежта и вербата во подобро утре која сите ние ја носиме во себе.Таа мала,но толку силна искра гори во секој од нас и не дозволува ова сивило да ни стави превез на очите и окови околу срцето.
Сѐ што ми е потребно,веќе го имам.Го имам моето семејство,домот,соништата,моето училиште,моите другари,ја имам нивната поддршка,нивните ведри лица,нивнате шеги и смеа.Ги имам моите книги за свемирот,галаксиите и ѕвездите. Ги имам моите видео-игри, филмови и музика.Сѐ што имам е во мене и никој не може да ми го одземе или уништи.Тоа ме движи напред и ми дава сила,топлина и енергија за подобро утре.Во ова време на тажни судбини,болка и страв посегнувам длабоко во моето срце и наоѓам светли мисли и цели,тие се клуч за мојата иднина. Со интересна книга в раце успевам да пронајдам начин да побегнам од денешната реалност. Ова брутално секојдневие, исполнето со лоши вести,бројки и тажни лица,се обидува да скрши дел од нас и да нѐ направи несреќни.Од него успеавам да се скријам и да најдам мир во мојата мала библиотека,бидејќи таму запира времето. Таа е најмалечката златна врата, која со своето знаење и волшебна моќ ме води на патување во најдалечните и најчудните места во кои никогаш не сум бил. Книгата е мој патоказ за среќен и удобен живот во ова мрачно секојдневие.Книгата е мал подарок кој го отварам,одново и одново и секогаш наоѓам нова,интересна содржина.Наоѓам сон кој верувам дека ќе се оствари бидејќи таа е извор на мојата среќа и двигател на мојата сила и верба за подобро утре.
Надежта е сон на будниот човек.Таа ми ги отвара очите,ми ги покажува убавините на животот,убавините на природата која овие сончеви денови ги распослала пред нас како да
сака да ни каже дека и ова ќе помине.
На крајот на овој темен тунел постои светлост,светло сино небо кое на сите нас повторно ќе ни ги донесе заедничките, среќните моменти кои ни беа одземени.Време е за нови почетоци,за оптимизам и ведри мисли. Силните ветришта и бури се причина дрвјата да пуштат длабоки и силни корени.Па така и ние,од ова време- невреме ќе излеземе посилни и поискусни бидејќи понекогаш животот нѐ тестира, не за да ги покаже нашите слабости, туку за да ја открие нашата истрајност. Иднината им припаѓа на храбрите и на оние кои веруваат во убавината на своите соништа . Во тие соништа ние го гледаме и креираме нашиот живот онака како што сакаме,во нив учиме и работиме ,твориме,а тоа целосно нѐ исполнува и ни дава сила за нови животни подвизи и успеси.
-Затворете ги очите само за момент,само еден мал дел од секундата.Ја гледате ли таа темнина?
Го чуствувате ли тој страв и тоа црнило околу вас? ЈАС ОДБИВАМ така да го гледам светот околу мене,одбивам да се потчинам на ова мрачно сивило.Покрај мене ги имам моите најдраги и со нив гледам прекрасно виножито проткаено со бои на љубов,радост,сила и взаемна поддршка.Гледам сончеви утра,насмевки и очи полни со радост и сјај.Гледам сини бранови,зелени ливади,преполни паркови со деца,широко отворени училишни врати и насмеани детски ликови.Не знам кога ќе дојде тоа утро,но широко ги отворам вратите.
Ние носиме одлука како ќе продолжиме понатаму. Да продолжиме да се будиме и да го живееме својот живот секој ден затоа што верувам дека постои некаква повисока цел – и дека нашите страдања не се залудни. Во ова ново време- невреме, животот ни дава сто причини да заплачеме,но верувам дека ние сме доволно силни да му покажеме дека имаме илјадници причини да се смееме и да бидеме радосни.Она што пустината ја прави убава е фактот дека некаде се крие извор.
И најмрачната ноќ ќе заврши и сонцето повторно ќе нѐ огрее сите нас.На крајот,ние сме нашите приказни,моменти,искуства.Ние сме, секоја книга што некогаш сме ја прочитале,секое место што сме го посетиле,ние сме збир на нашите соништа и надежи.Ние сме одговорни за пишувањето на сопствената животна книга полна со успеси и падови. Книга во која пишуваме за минатото, живееме во сегашноста и се надеваме на поубава и посветла иднина.