[Литература] Дона Илијевска – VII одд.

„Што ме движи кога сѐ стои?“

Застана…, застана и се смири и уличната светилка која трепереше во непосредна близина до мојот дом. Сѐ е тивко…. Се слуша само ветерот кој што ги разнишува гранчињата и листовите на дрвјата. Дури и уличните мачиња кои цело време трчаат по улица, сега се скриле во некое засолниште да одморат. Ноќ како и секоја друга. Сѐ се смирува, само јас не. Срцево ми бие силно. Така во таа глува ноќ, одпатував со мислите до моите најсакани мисли и желби. Така длабоко во мене, како многу посакувани гости, одекнаа тие зборови. Тие веќе биле тука, но толку тивки, што не сум можела да ги чујам, од разните звуци што ни доаѓаат со или без наша согласност. Сега конечно открив што е тоа што ме движи, баш вака, кога сѐ стои… Кога сѐ стои, јас се движам, со помошта на љубовта што ми ја даваат луѓето околу мене. Мене ме движи и она што стои, и она што е мало, и она што е големо. Секој нежен глас мене ме движи, дури и навреда да слушнам јас се движам, затоа што знам дека можам да го поправам тоа… знам и не се откажувам. Мене ме движи и убавата птичја песна што од далеку се слуша. Мене ме движи дури и сонцето нежно, што од зад планините срамежливо излегува. Мене ме движи и самата помисла на нешто убаво… Сега можам да се движам. Можам да го разбудам сето она што спие и да продолжам понатаму да се вратам дома. Одам… ветерот дува посилно, но јас знам дека ке успеам, знам дека во овој момент ништо не може да ме застани. Студено е, брзам. Блиску сум, но изгледа многу далеку. Се приближувам до мојот дом. Ветерот се смири, а и јас со него. Веќе не брзам. Тука сум…, конечно стигнав. Сега сум пред вратата на мојот дом. Во овој миг ги отварам очите и сеќавам дека она што ме движи, убавата енергија што ја поседувам е само внатре во мене. Така мирно со насмевка на лицето повторно ги затворив моите очи…, но овој пат, не размислував туку задоволно и среќно од самата себе и од луѓето околу мене, потонав во сон, знаејки дека тоа задоволство и среќа ме очекува следното утро…

 

+25