[Литература] Георѓина Христова – VIII одд.

Што ме движи кога се стои?

 

Живееме во тешки времиња. Оптеретени од секојдневието, од погрешни вредности, емоции…

Тоа што не движи е надежта и волјата . Волјата за живот надежта за посдобро утре за мене, за секој од нас.

Живееме во материјален свет како физички суштества , и сосема во ред е да имаш желби и да сакаш нешто материјално да поседуваш.И зошто не би посакале ако нашите желби можат да се исполнат? Желбата на душата е всушност нашата надеж која нè движи секојдневно кон една и единствена цел:

-среќата

А среќата се манифестира на илјада начини.Почнувајќи од омилено јадење,дружење со добри луѓе, создавање на убави спомени ,задоволување на нашето внатрешно его.Егото се храни со материјални богатства , а душата со секојдневни радости со ситници.

„Никогаш не губи надеж.Чудата живеат во невидливото.“ Како што кажал писателот Руми.

Патеката на надежта е непресушна , а желбата преголема.Нов ден,нова надеж..

Со насмевка да ги прифатиме работите ,проблемите и грижите со кои ќе се сретнеме во секојдневието.Животот е борба за опстанок…

Точно сите се бориме со нешто без разлика дали е нешто лошо и злобно , дали тоа нешто е потешко или полесно , сепак се бориме до крај се додека не го решиме тоа нешто што не мачи.Некогаш во животот мислиме дека немаме надеж , дека немаме решение и сакаме да се откажеме , да го избегнеме тој проблем кој што чека да биде решен , едноставно да дозволиме истиот да влијае на нас физички и псикички без разлика каков и да е . Но , секогаш постои волја за живот , волја која не прави посилни секој ден , она е таа која ни дава храброст за да се исправиме и со дигната глава да се соочиме со нашиот проблем.Она што ја исполнува со радост човековата душа не се материјалните работи и богатства , не е накитот , не се убавите козметички продукти , скапите чевли ниту пак облеката во која се носиме тие се само украс кој се тука само привремено.Не е ниту храната што ја јадеме , таа е само нешто што не заситува кога сме гладни.

 

И сите удобности да ги имаш , сите тие убави , светкави материјални работи , ако не се смее душата тогаш ништо невреди. Ако плачеш наместо да се смееш , ако си тажен наместо да си среќен ,ако на местото на радоста стои тагата или пак ако наместо надежта ти цело време одлучуваш да се откажеш пред да пробаш тогаш сето тоа убаво богатство што го поседуваш е без вредно , тогаш тоа нема никакво значење.Во споредба со твоите чуства тоа е ништо , тоа е не потребно во твојот живот.

Душата се радува , добива надеж од добрата мисла , убавите зборови што излеват од неа.Смеата и среќата на блиските разбирањето меѓусебно.

Едноставни работи.

И затоа верувам длабоко во себе дека се она што сега стои , особено времето кое е застанато ќе си го пронајде изгубениот часовник и ќе го поправи , одново ќе почне да работи , да отчукува затоа што на крај секогаш победува доброто , убавото , верувам дека на крајот од темниот тунел се наоѓа светлина , до која што стигнавме благодарение на надежта врежана во нашите мисли , изтетовирана во нашите срца.

 

 

 

+77