[Литература] Боркица Ѓоргиева – IX одд

Што ме движи кога се стои?

Повторно како да се врти се во еден круг

Одејќи по скршен пат без насмевка и полн со студ,

Со соништа поробени и желби уништени…

Се прашувам,таков ли треба да е светов?!

Еј,нека ми оддекне ехот!

Жал ми е но ова го прифаќаат само луѓето кои тажно талкаат низ векот.

Но јас,нема да застанам и кога би бил угнетен светот!

Со нашиот сон и визија да се бориме

Бог не створил и пред да се родиме!

Тоа го сваќаме и затоа твориме.

И најголемата штета нема да ме спречи,

Да застанам сега и мојот труд силно низ Земјава да ечи!

Продолжувам напред заради луѓето мои мили,

кои за мене и мојот живот храбро се бореа и со зли вили.

Одам заедно со мојот сон кој нема да биде само илузија

Ќе створам јаве-желба на секое дете кое не сака да живее во постојана конфузија.

Тоа треба да го направиме сите,

Подарени ни се среќа и борба кои треба да ги покажеме пред секој,

Одејќи нанапред да пронајдеме каде застанал некој.

Да му покажеме заедно, што значи да продолжи да се движи право по патот,

Да го излечи светот и повторно да е близу до секого од катот.

Знам дека ова боење на светов со темни бои за секого е тажно

Но барем научивме дека и покрај се светлината е сето она што е навистина важно!

Ова не е крај на светот,затоа да почнеме да боиме милно,

Зашто ништо нема само да се створи доколку не продолжиме да работиме на тоа силно!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

+214