[Литература] Давид Младенов – VII одд.

Јас се движам напред

 

Јас сум тој што верува во подобро утре

Верувам во правда, соживот, во нас

Верувам во љубов, разбирање, толеранција

Во силата и значењето на секој глас.

 

Подај рака, подари најубав цвет

Биди искра надеж за подобар свет

Сите сме едно со еднакви права

Сакаме рамнопавна, демократска држава.

 

Работа, еднаквост, правичност не краси

Ти си голем човек, кај и да си

Се движам напред со сите вас

Слогата, сплотеноста, иднина не води нас.

 

Љубовта не признава, род, националност, класа

Сите сме исти од човечката раса

Подај рака биди горд, чекори смело

Покажи разбирање, соживот на дело.

 

Да погледнеме искрено во иднината сега

Само љубов, здравје и сплотеност ни треба

Суетата, омразата, нееднаквоста боли

Бидете хумани, Светот ве моли.

 

 

 

+2