[Литература] Габриела Нешкоска – VIII одд.
Се е исто
Мислев дека времето ќе помине
и ќе ги залечи моите рани
кои несвесно почнаа да болат .
Мислев дека времето ќе помине
и ќе донесе надеж во моето срце
кое полека почна да се скаменува
но не , се движи и кога стои .
Мислев дека времето ќе помине
и ќе ги заборавам сите јадови
кои во мене пустош направија .
Мислев дека времето ќе помине
и мојата тага како ѕуница ,
по небесната шир ќе се појави.
Мислев дека времето ќе помине
и ветерот што секој ден минува покрај мене.
ќе ги одвее сите спомени .
Ќе ги однесе некаде , далеку далеку
подалеку од моите мисли
подалеку од моето постоење .
но не , се движи и кога стои .
Мислев времето ќе помине
дека болката ќе стивне
дека надежта , надеж ќе ми донесе
новото утро срце ќе ми огрее
и бистрата вода душата ќе ми ја измие
но не , се движи и кога стои .
Мислев дека времето ќе донесе
нова надеж , среќа
нова среќа , радост , блесок
нов блесок , спокој
спокој во мојата душа .
Времето минува ,минува
полека , бавно
сфатив дека сепак се тече се се менува,
истата тага , истата болка
во мене закована стои ,
и после долго време се е исто…тече но не се менува!