[Литература] Дамјан Трпевски – III одд.
„Што ме движи кога сѐ стои?“
Пред една година дојде Корона
и оттогаш сите седиме дома.
Училиштето со компјутер го заменивме сите
и сега така ни минуваат дните.
Со другарчињата не се дружиме често,
а кога сме заедно меѓу нас има 2 метри растојание место.
И кога сѐ стои,
мене ме движи играта со другарчињата мои.
На различни начини ние се дружиме
и само така љубов ќе си пружиме.
Во природа на прошетка одиме
здрав начин на живот водиме.
Понекогаш и за игри на таблет има време,
но тоа не треба за зло да ни се земе.
Да се надеваме дека ова побрзо ќе мине
и во нормален живот ќе се вратиме сите.
+43