[Литература] Дамјан Јакимовски – IV одд.

Што ме движи кога се стои

Сила, збор од четири букви кој ме прати од моето раѓање. Низ мојот тек на раст и

развој го запознавам зборот сила што ме придвижува кон нештата што се толку необични

и чудесни. Со проучување на зборот го запознавам и неговото значење . Знам дека зборот

е чудесен . Да имам волшебно стапче , да можеам да ги запрам сите лоши случувања на

овој свет и да ги претворам во добрина и убавини за секого. Да ги сопрам сите негативни

енергии во светот за миг и да направам нешто убаво нешто волшебно нешто

невообичаено, нешто чудно, нешто прекрасно, нешто за што ќе се гордеам и ќе бидам

познат насекаде низ светот. Да зборуваат за мене, да ми се восхитуваат,да ме паметат по

добри дела. Да бидам познат научник, како Никола Тесла и многу други што ни го

направија овој свет да биде поубаво место на живеење .

Сакам светот да биде подобро место за живеење, за мене, а и за генерациите после

мене. Да го продолжам патот на научниците и со тоа да им се заблагодарам за се она што

го направиле за нас..

Сакам да имам моќ и да можам за пет минути да го уништам цело оружје и сето зло

што го има во овој свет. Да нема војни, да нема насилство, да исчезнат сите болести, се да

биде беспрекорно убаво, и сите да живееме во мир, љубов, добрина и среќа .

Навистина го посакувам тоа, да имам СИЛА, да имам МОЌ само за да направам

чудесна планета во која ќе владее радост и насмевка кај сите деца.

Според мене, силата ме движи кон чудесни нешта .Сакам да истражувам, да

пронаоѓам нешта кои не ги знам, да ги разгледувам нештата од поубавата страна. Сакам

да бидам човек кој што ќе има сила да го смени светот да биде подобро место за сите

нас.

Размислувам што ме движи кога се стои. Јас знам , силата ме движи, и едно

сигурно знам дека ракометот, мојот омилен спорт ме движи силно и брзо.Ме исполнува

со убава енергија,пријатни чуства, и ми дава борбена сила. Сакам да бидам познат

ракометар. Да играм за мојата татковина, заедно со моите другари, ракометари, заедно да

бидеме најдобриот тим.Јас да бидам најдобар меѓу најдобрите. Сега знам дека тоа е силата

што ме движи и кога не играм и кога размислувам во мојата соба:

– Исто така знам дека музиката ја има таа моќ да ме наполни со убава енергија и

да ме исполни со прекрасни чувства. Да, музиката ме движи и кога седам на

моето столче и кога стојам со слушалките покрај прозорeцот.

Често размислувам која е таа сила, енергија која има таква моќ да ги движи и моите

најблиски брат ми ,мајка ми, татко ми, другар ми, и се прашувам дали и тие имаат

движечка сила тогаш и кога стојат. Си мислам дали она што е невидливо, она што го

прави човек среќен, она што го исполнува човекот е тоа што го движи кога се стои.

2

Во моите мисли силна светлина блесна и сигурен сум и знам ,, Да, тоа е она што

ме движи и кога стојам ‘‘. Тоа е силата која ја запознав уште од мали нозе. Ме води

како лулка низ животот. Уште од кога се сеќавам за себе сум авантурист. Сакам да

пробам се, ама баш се…. И она што знаев дека го создава адреналинот во мене, не се

плашев од последиците. Секогаш правев а и се уште правам се што ќе наумам.Таа сила

секогаш ме туркаше низ животот. Сега сум десет годишно дете и го пишувам овој есеј, а

во себе имам сила која ме води да направам нешто за кое верувам ќе бидам горд на

самиот себе. Сакам да бидам дете што стои цврсто со исправени нозе, дете мало кое што

сака да направи големи дела и да биде горд на нив. Секогаш сум горд на секоја работа

што ја правам, па така и сега сум горд на овој есеј што го пишувам. Силата која што ја

имам во себе секогаш ја насочувам кон убави работи. Бидејќи сум авантурист тоа ме

движи кон целта која секогаш си ја поставувам. А мојата детска мисла која е чиста

искрена, добронамерна е секогаш спремна за создавање на добри дела ме води кон целта.

Можеби се ова е фантазија, но сепак јас си ја знам својата цел. Мојата сила ме

движи само напред кон целта. Таа цел е она што ме исполнува, што ме тера да одам

напред, да фантазирам, да истражувам, да правам работи добри за секој.

Моите мисли се многубројни. Авантуристичкиот дух кој што го имам го применувам во

мојот живот. Правам нешта што за некого се и зачудувачки. Имам голема подршка и од

моите родители кои што имаат целосна доверба во мене.

Силата е мој двигател низ животот. Истражувам премногу, сакам да направам

нешто за кое што ќе бидам препознатлив како научниците. Но ми велат: -,, Дамјан сеуште

си мал’’. Но јас верувам ќе дојде и тоа мое време за кое што јас ќе бидам препознатлив.

Авантуристичката сила ме придвижува кон оние нешта за кои што би сакал да ги

направам. Ги запишувам во моите мисли за да можам да ги исполнам кога ќе дојде

нивното време. Знам дека авантурите се дел од мене. Се што сум посакал сум направил,

секако со поддршка од моите родители, а најголема од мојот постар брат. Моите авантури

се интересни, возбудливи, разновидни. Јавањето на коњ, скијањето со скии,бордање со

сноуборд, возењето велосипед, се незаборавни моменти кои сум ги искусил и сум

благодарен на трпението и поддршката од моите родители кои се секогаш со мене. Тие

ми ја даваат поддршката, ме насочуваат, ми укажуваат, како што и овој пат ме

инспирираа да го напишам и овој есеј со кој што сакам да се заблагодарам на сите кои што

имаат доверба во мене.

Сакам да и се заблагодарам и на мојата наставничка која што несебично ни

споделува знаења за да не изведе на прав пат. Но мојот авантуристички дух и силата која

што гори во мене и не застанува тука. Ќе израснам во човек кој што ќе биде пример за

сите, кој што е дружељубив, среќен,насмеан и секогаш лидер во друштво. Силата е збор

кој што ме движи додека се стои.

Секогаш кога ќе го прочитам овој есеј ќе си кажам:

,,Дамјан со твојата сила што ја имаш како водилка во твојот живот, успеа да го

направиш животот поубав за сите а планетат земја поубаво место за живеење ’’.

 

 

 

 

+44