[Литература] Андреа Атанасоска – V одд.
,, Што ме движи кога сè стои ? ”
Што ме движи кога се стои
се прашува секој од вас,
на тоа прашање само еден
одговор имам јас.
Во доцните часови се е тивко и мирно,
само ѕвездите светат силно.
Тогаш јас спијам во моето убаво креветче,
легната на перниче
покриена со мекото и топло ќебенце.
Само глава потпирам ,
ќебето го допирам
и веднаш заспивам.
Одеднаш од нигде никаде,
во сон ќе се најдам,
нови нешта ќе дознаам,
пријатели ќе запознаам.
Овој пат нешто посебно сонував,
писателка јас станував.
Пишував прекрасни текстови и песни,
сите тие најинтересни.
Се разбудив вечерта
и се разочарав,
зошто ова не е вистина,
јас сакам да станам писателка.
Читајте книги и вие,
ајде лесна ноќ на сите,
многу ми се спие.
+42