[Литература] Наталија Димеска – I година

 

 

„Што ме движи кога сè стои?“

Светли точки се движат непосредно, непозната која од која ли повеќе. Изгубени во самото време и простор на патување, во минато и сегашно или пак во некое идно далечно место. Во едно дадено место до кое што ние патуваме со наши илузии и мисли. Може да се доведеме до опасност, фантазијата да пристапи во мислите. Овде просторот го обиколуваме мислејќи дека има жива реалност со надеж на нова светлина. Испреќинати линии се движат во тенки мигови на нашето размислување. Доверба е лекот за едни старососедни врски кон некоја опција што ја имаме во нашиот живот. Страната на позитивноста како позиција е тоа што има во нашите опции за делови од нашите цели. Прочитани страници како поттик за надежта да проговори, во темна соба со мирис на јоргован и мелодична песна која е посветена на трпението. Илјадници спомени покриени врз палтото на момчето кое реши да го промени својот свет без разлика кого остава позади него. Чудни остатоци оставени од чевличината на мало дете, невино и мило знаејќи дека е само во својот простор. Мислејќи дека никогаш ама никогаш нема да ја отвори вратата на успехот. Тивко чекори во неговите мисли, размислувајќи како да постигне во врвен зрел и мудар човек. Стоејќи во празно напуштено срце, пусто, напатено со крвави рани. Потоа зашиено, од пружената љубов што е дело на едно невино лице кое е само маска во делот на релноста. Стубови ставени на младите раменици, гордо со исправена глава. Чекорејќи по темен пат во густа шума, прецизно погодена стрела во ногата на младото момче. Сонува или пак игра во самата вистина на своето стебло, кое прераснува во гранка која се шири во своите лисја на самиот плод. Длабоко во самата темнина, занесено во миг кој го чека за да изврши една огромна листа на задачи дадени од животот. Неможе еве стои во едно место, една положба и со немирни мисли ставени како сеќавање од минатото. Нетрпеливо бара тоа што треба да го најде во оваа шума токму тоа е тоа што ќе го спаси од сето ова негов свет на реакции. Звуци на тивко ветарче, вресок на разни гласови кои шетаат во соседниот агол на неговите цели. Што ако не успее, или пак ако пропадне во непозната опција која е далечна од тоа што го бара? Многу различни мислења се во негово присуство, овде дури можеме да видиме и стари слики кои се оставени долу, на сигурно и стабилно место. Одеднаш догледува и птица преселница која слободно лета и прави споредба со неа и самиот себе. Случка по случка, со сигурни и цврсти чекори во состојба на нетрпение почнува да се движи со мали чекори со страв. Внимателно оди и здогледува бел фустан рачно изработен, свилен со златен конец направен. Го осети токму тоа што требаше, мирис на јоргован кој никогаш не ќе беше заборавен ниту пак оставен во валкани и заматени води. Гушкајќи го и мирисајќи го фустанот тргна да трча, ова е вистина мирисот на неговата сакана личност. Недостиг и каење за големиот сон во кој е влезен тој. Крв темна крв од рацете на момчето, но чиста неверојатно е да се поверува во ова. Одалечувајќи се од местото со крв и бела светлина од мирисот, сеуште постои некоја опција која го води до крајот на оваа битка да го пронајде своето невино и сакано лице кое одсекогаш му било најдраго. Лутајќи од едно на друго ќоше, без сила и моќ за уште еден чекор на трпение. Солзи во очите, конец во срцето тргнал со сите сили да ја обиколи шумата. Звук од виолина, клавир, глас на ранобудно славејче кое го пратеше во неговите мисли. Дел од мелодиите кои беа оставени во темната соба веднаш до тешките и незаборавни спомени сега се тука. Завесите кои беа оставени да не се гледаат солзите, или пак месечината која и сега преовладува со полна ноќ. После таа соба и мигови со сакана личност се сеќава на реални зборови кои го враќаат во среќните и стари песни, пријатели или пак можеби зборови на родената мајка. Се изгуби, да токму така уште е изгубен во непознати опции кои сега му се дадени, за да премине во друг свет кој ќе биде успешна извршена мисија до крајот на оваа патека на свои траѓи. Далечни луѓе со спомени оставени кај него, од сето тоа најважното сеуште се бара. Тивката и мирна вода која тече пред неговите очи го потсети на детството кое било најнежно. Рацете ги миел со токму оваа вода која сега ја гледа и се сеќава на стоховите од песната која ја пеел за убавината на неговата љубов. Воедно дотрча седна на камен каде што загрижено го гледа ликот во водата кој секогаш го чека, милно и нетрпливо да види што ќе се случи понатаму. Зачуден, изнемоштен полн со енергија од кога го виде тоа, стана и почна по потрага на малото нешто што од секогаш му е во потрага по долго годишните спомени. Меч на спротивната страна забоден во вреќа, оставен така како некој што чека да најде начин да се ослободи од ќелија полна со мир и немир што нема никаков избор. Тоа е само меч, меч кој ја покажува сигурноста и размислување за некои опции. Недостиг од страна, плач на чисто дете кое не е криво за ништо тоа е внатре внатре во вреќата, знае колку боли убодот во самата вреќа. И осетот на самото дно, и самата средина, која е опишана токму овде. Внатре, книга недопишана со празни страници и ишкртани мисли во главата. Стихови од мелодии прикажани на почетокот на оваа книга запишани како одсекогаш да се оставени со празни редови, или пак прескокнати зборови кои намерно не се кажани. Со затворени очи мисли му се превртуваат во главата, дали е на прав пат или пак некаде на некое сокакаче од различни илузии, претставени во смисол на морален човек што се покорил на своите грешки, или пак осетот на карминот кој никогаш не му е заборавен. Шетајќи по длабочината на темнината, облаците го прикрија стравот кој беше врежан за одлука да продолжи понатаму. Слобода која му беше прикажана во далечината на густината пред него, но и една темна црвена маска која стоеше забодена на дрвото покажувајќи му лажно лице за прикриени патеки. Го крена мечот и се ослободи од двоумењето на спротивностите кои го попречуваа понатаму во тешкиот дел кој следува. Кревајќи, примети дека под вреќата имаше чуден остаток од материјал кој му беше познат од таа соба. Зачудено од поудобно гледиште виде дека тоа е неговото палто, но под него здогледа нешто што мислеше дека е тоа што го бара. Ковчеџе ова е тоа што го бара тој, но решението на оваа битка е токму во ова нешто внатре во него. Тивко шепоти со милни стихови врз малото ковчеџе кое беше прикриено врз старите и изнемоштени ливчиња што беа паднати на земјата и означуваа симбол на испраќање на есента. Миг кој едвај го чекаше сега е пред неговите очи и воедно крај за сите овие битки кои ги водеше независно од никого, уште само еден чекор кон идеален начин да открие што навистина му е потребно. Полн со нетрпеливост и далечни мисли кој му оставаа прашалници што ли го чека внатре, со верување дека внатре го има тоа што го бара цело ова време тој убеден реши да отвори и да види што го пречека од крајот на сето ова. „НАДЕЖ„ таму беше прикриена надежта, како решение од „Што ме движи кога сè стои?“

 

 

 

 

+36