[Литература] Мила Јаќоска – VIII одд

 Што ме движи кога сè стои? 

 

 

Кога сонцето грее, 

месечината ќе ја снема. 

Кога ливадата солзи лее, 

цвеќињата ги нема. 

 

Ноќе ќе дојде време, 

за месечината да зрачи, 

а на ливадата ќе израсне булка, 

и самотијата веќе нема да ја мачи. 

 

Кога солзи јас ќе пролеам, 

мојот свет ќе запре, 

но, свеж мирис на зумбул, 

ќе ме усреќи во срце и душа. 

 

Ме плашат мрачните патишта, 

само јас и темнината, 

но, помислата на храброста, 

ќе ја пополни празнината. 

 

Животот е таков, 

во разни бои, 

и најмалото убаво нешто ме движи, 

кога сè стои. 

 

 

 

Автор: Мила Јаќоска  

1000 Скопје 

,,ООУ Димитар Миладинов” 

VIIIa одд. 

Ментор: Митра Цилевска  

 

 

+33