[Литература] Магдалена Атанасовска – VIII одд

 

Што ме движи кога се стои?

 

Што ме движи кога се стои? – моќно прашање со безброј одговори. Кога се искачувам на некоја планина, што ме движи да стигнам до целта? Ме движи чувството на успех, адреналинот кој владее низ моето тело.

Погледнете кон светот, секој човек изгледа толку ситно, но сепак секој е исполнет со свои желби, соништа и цели кои му даваат сила да се движи. Овие посакувања, тие се како збир од балони што кога ќе ги ослободиме можат да достигнат до вселената. Ме движат и луѓето кои се секогаш тука за мене. Мојата фамилија е како кислород, а јас сум бурен пламен кој без нив ќе згасне. Во универзумот тие изгледаат толку ситно, но за мене тие го градат целиот свет. Во животот малите убави нешта се важни, без нив животот станува бесмислен и здодевен. Треба да ги негувам убавите мигови на среќа, радост, нежност, да ги чувам храбро, да ги почитувам и сакам да не ги изгубам никогаш. Тоа нека биде нашата мисија во животот со трпеливост и упорност да ја победиме пандемијата.

Посакувам секој од нас во светот да продолжи да се движи со убавините на детството, на младоста, на староста, на животот. Јас искрено верувам и се надевам дека со љубов и поддршка на семејството и на другарите ќе бидам како птица која со своите крилја ќе се движи смело и мудро кон иднината.

 

Автор: Магдалена Атанасовска, VIII а одд. Училиште: ООУ „Димитар Миладинов“- Центар, Скопје Ментор: Митра Цилевска

 

 

+67