[Литература] Касија Сетиќ Габер – VIII одд

 

 

Што ме движи кога сè стои? 

 

Пандемијата ни дојде како мрачна клетва која го замрзна времето, ни ги направи сите денови исти. Сонцето веќе не грее толку силно, искрена насмевка не може да се види, сè стои освен моите мисли. 

Тешко е да се зборува со пријател како порано, ништо ново и ништо возбудливо не се случува, зборовите кои не можам да ги изустам, кои не можам да ги најдам, ги барам во пасусите на моите книги. Секоја реченица, секоја страна ме учи нешто ново, ме тера да размислувам . Книгите секогаш биле таму, нешто кое никогаш нема да го снема, нешто кое никогаш нема да се потроши, нешто што секогаш се движи. Отворајќи страна од книга напишана многу пред моето раѓање ме прави да се чувствувам ко да патувам низ времето, враќајќи се години назад, а со разлистување на друга книга, одејќи векови напред. Секоја новоотворена корица ми ствара нова слика, нова приказна и нов свет различен од овој сега. Другарував со Мег, Џо, Ејми и Бет, ги откривав тајните на дворот со Мери Линокс, крадев книги со Лисел, бев низ подземен свет со Алиса, одев на авантури со Том и Хак, сето ова го правев, вртејќи страници од книги.  

Сфатив дека прочитаните книги, нивните настани, ликови и пораки се нешто кое секогаш остава белег на мене, остава печат во мојата глава. Едвај чекам светот да е повторно здрав, сонцето да сјае, а деновите да се повторно ведри и спокојни и повторно ќе биде како слика излезена од најубава бајка. Се надевам дека дружењето со мои пријатели ќе се врати наскоро ко птиците што се враќаат од југот. Тоа ме движи и ме охрабрува да се надевам на сегашност поубава иднина

 

Касија Сетиќ- Габер VIIIб одд.

Ментор: Митра Цилевска

ООУ„Димитар Миладинов“- Центар, Скопје

 

 

 

+72