[Литература] Златка Петрова
Што ме движи кога се’ стои?
Во време кога се’ стои,
кога целиот свет е парализиран,
иако часовникот постојано часови и минути брои,
време кога животот ми стои, во минатото,
среде бурата која ме погоди,
ме движи само едно нешто,
тоа што беше мојот пример за совршенство,
додека се’ уште ја газеше земјата,
додека се’ уште чекореше покрај мене,
ме движи тоа што ме научи,
да бидам вистинска личност,
која нема зло во срцето,
која не се крие себе си, зад маската на лицемерието,
ме научи што е чесноста,
ме научи што е правдата,
и тоа дека речиси секогаш е прегазена,
но, ме научи и како да се борам,
да се борам за неа во животот.
Најважното нешто што ме научи,
да бидам, тоа што навистина сум,
ме научи како да станам посилна,
секогаш кога ќе ме турнат на земја,
ме научи како да не дозволам да ме згазат,
ме научи да си го задржам чистиот образ,
и да си ги бранам гордоста и достоинството,
ме научи да бидам најсилна, кога сум најранета,
и да, сега живеам за да бидам,
тоа што ти ме научи дедо,
живеам да бидам,
храбра и силна како тебе.