[Литература] Захира Таири – IX одд.

,,Што ме движи кога сѐе стои‘‘

 

Дискриминација

 

Да се сакаме, да се чуваме,

сите заедно да се почитуваме.

Бојата на народот ништо нека не значи

љубов во срцето искрено нека зрачи.

Да се фатиме сите рака за рака,

и секој секого, искрено да го сака.

Дискриминацијата на земјата мора да ја снема,

да се избориме љубовта, првото место да го зема.

Пријателот ни е дар од Бога,

па нека тече во слога.

Од устите мед и млеко нека тече,

убавиот збор ништо да не го спрече.

Убавиот збор на далеку нека се слуша.

убавите зборови одмараат душа.

Толеранцијата секогаш нека победува

затоа треба да се негува.

Љубовта нека ни биде преокупација

да се избориме да нема дискриминација.

Секој љубов нека дарува

во нашите срца таа нека царува.

Сакам среќни да бидеме сите

со насмевка нека ни минуваат дните.

 

 

 

 

+138