[Литература] Тамара Николовска – II година
„Што ме движи кога се’ стои?”
Земјината топка постојано се движи. Таа се движи по една замислена оска, го одржува незјиното место, па така и мислите, како едно најсилно оружје се движат во нашиот мозок. Тој е исполнет со мисли, афирмации кои го одржуваат циклусот на нашиот живот, не’ ставаат во некојси замислен ред, по кој сакаме да ги извршиме нашите цели, со тоа ние и се движиме постојано, постојано наоѓаме разни предизвици кои не’ движат. Можеби општеството е пасивно, луѓето немаат мисли кои ги движат, но ние како единка со правилно развиен мозок, можеме да ги промениме мислите на другите, можеме да им помогнеме да се развијат во здрави личности. Поговорките, сите поттикнувачки изреки се создаваат од активни живи битија. Тие истражуваат за човековото добро, за правилен развиток и активни луѓе. Не’ комплетираат, ни даваат вистински замислен пат по кој се движиме до вистинската цел,с о добрина и жар, ние можеме да кажеме дека ги исполнуваме нашите потреби или сме активни. Сакаме да бидеме угледна слика, со угледни и правилни мисли. Можеме да кажеме дека се движиме правилно, се движиме кон успехот, сакаме да го искорениме злото и сакаме да создадеме здрав круг. Луѓето кои судат и даваат негативни корекции, се пасивни. Тие воопшто не истражуваат, тие скршнуваат од патот кон успехот, се омаловажуваат, токму овие луѓе се негативното, лошите афирмации.
Уште од најмала возраст учиме за тоа како да станеме исполнети, активни и успешни, го истражуваме патот на светлината, мозокот ни е исполнет со светли мисли, афирмации, па можеме и да го промениме општеството на подобро. Наједноставен пример за успехот на младите се училишните установи, материјалот, истражувањата не’ градат во здрава личност,но најголемо влијание имаат нашите родители, со многу животни искуства,тие се наши авторитети, а ние ги пренесуваме нашите знаења на идните генерации. Ако сме научени да ги прекршуваме дадените правила и норми, растеме во погрешна личност. Еве една мудрост останата од здравите, постари генерации која се пренесува од колено на колено: ако му ставиме мало дрвце на дрвото, што му дава права потпора,дрвцето понатаму ќе изране во едно прекрасно, богато дрво, но ако нема младото дрвце никаква потпора, тогаш тоа се развива на многу погрешен начин, можеби ќе има убави плодови, но ќе си остане криво, додека не се исуши. За овие примери можеме да кажеме дека се најстарите или најрано се истакнуваат.Заклучуваме дека најголемо влијание за нашето движење се мислите. Во моментов владее вирус,па затоа сите сме пасивни, но замислете, нашиот мозок се’ уште се движи, можеби ќе се запрашате како – тука постојат и нашите спомени, моменти кои сме ги доживеале додека сме биле активни. Нашиот мозок постојано извршува некакви должности, како и нашето тело. Спомените заземаат најголем дел од нас, ни создваат среќа, не’ враќаат на убавите моменти во кои сме уживале. Сонцето на плажите, прошетките со нашите најблиски, смеата и викотниците на нашите пријатели, сето тоа е дел од нас кој не исчезнува лесно, секој дел од нас го побудува чувството на слобода, на безгрижност. Спомените се движат во нашиот мозок како еден воз кој со преголема брзина вози. Тие толку брзо знаат да исчезнат што се плашиме дали ќе можат да се вратат, само уште некоја секунда да можеме да уживаме во светот создаден во нашите глави, изменети ситуации, работи кои не сме сакале да ги кажеме, време по наш мерак, се’ есовршено, колку и случките да биле сосема поинакви – ние ги приспособуваме според нашето расположение. Најкомплицираното суштество на оваа наша планета е човекот. Тој создава, мисли,сите оние работи кои кога се’ ќе запре, тој се движи, само тој кружи, само тој знае како да повреди, да насмее, како да создаде, едноставно како да преживее. Телото, мозокот се основните и најсложени компоненти, извршуваат дејности постојано, можеме ние да сме пасивни, но тие да работат постојано.
Јас, еден обичен ученик од средното училиште „Јосип Броз Тито” постојано имам неодговорени прашања. Секогаш се обидувам да дознаам се’ повеќе и повеќе за непредвидливиот живот, да создадам работи кои навистина ќе направат пресврт во природата, општеството, но за тоа ќе треба уште многу искуство, уште многу негативности и светли патишта, уште повеќе истражување, за да содадам општество и околина во која ќе уживам и ќе се гордеам со неа. Според мене, одговорот на насловот на овој есеј “Што ме движи кога се’ стои?” е истражувањето, мислите, спомените, знаењето. Уште од мала возраст сум мислела дека можеби се’ е толку лесно, толку едноставно, нема никакви обврски, но како растам – сфаќам дека всушност, се’ е ком плицирано, се’ е хемија, се’ е активно, па дури и молекулите се движат по нашето тело постојано. Ете на тоа мислам дека обрнав најмалку внимание, на тоа колку само зависам од природата. Човекот е природа, хемијата е природа, тоа не го сфатив, бидејќи уживав и бев безгрижна, како и секое дете, но како растам, се’ повеќе и повеќе сакам да се движам, сакам да ги одговорам сите мои прашања. Мечтаам според моите соништа, сакам да ги реализирам сите мои очекувања, сакам да станам личност со која ќе се гордеам, тоа е мојот успех, па кога во текот на годините ќе се навратам на минатото, ќе знам дека сум горда на сите мои одлуки и постапки. Се’ уште сум млада, се’ уште ми треба искуство, но знам само дека ја добивам потребната потпора, која во понатамошниот живот ќе ме изгради во една исполнета, среќна и спокојна зрела личност. Кога ќе помислам на иднината, секогаш се запрашувам што ќе стане со мојата сегашна персона, дали се’ уште ќе мислам и размислувам за журки и училиште, дали ќе ги исполнам моите очекувања или пак ќе ги посетам саканите места.Да имаше машина која не’ носи во иднината, би сакала да видам во каква личност сум се претворила, но ако има машина за навраќање во минатото, би сакала да изменам некои непосакувани ситуации. Но од друга страна, кога навистина, длабоко ќе размислам, се запрашувам зошто само не ја гледам сегашноста, зошто да се навраќам на веќе изодениот пат или пак да брзам за да стигнам до крајот, мислам дека сегашноста е најважниот момент од животот на еден човек. Затоа секој треба да се грижи за свое добро и за доброто на другите, бидејќи за некоја грешка нема назад, само ќе продолжиме и ќе учиме.
Сите сакаме да сме најдобите верзии од самите себеси, сакаме да се истакнеме во добро светло, сакаме да сме гледани со воодушевување и почит. Но навистина не сфаќаме дека како се однесуваме ние кон самите себеси, така и другите ќе се однесуваат. Треба да си се ставаме самите себеси на пиедестал, бидејќи ако ние не сме реални кон самите себе, никој нема да биде, ако ние не си помогнеме самите себеси кога ни е најтешко, никој нема, навистина. Можеби нашите пријатели ќе не’ пренасочат, ќе ни влијаат, но ние ги донесуваме одлуките, ние сме тие кои ставаме крај или започнуваме нов почеток на нашите ситуации, мисли итн… Затоа замислете се самите себеси како скапоцен предмет, не само што имате значење, исто така си го менувате вашиот живот како што сакате. Сега голем број од луѓето не се ценат самите себеси, но навистина не се свесни какви промени можат да предизвикаат, за подобра средина, за позабавен живот, ние стоиме, но светот се движи и му треба секое живо суштество, кое ќе даде отпечаток за земјата, ќе ја зачини. Затоа сите навистина треба да сфатиме колку сме важни за светот, бидејќи тој без нас нема да се движи, ќе биде пасивен и нема да има никаква боја, ќе биде монотон. Ние како едно општество го движиме светот, создаваме, развиваме и правиме подобра средина за опстојување. Креираме, даваме различни идеи, се разликуваме според бојата на кожата, карактерот, националноста,т оа всушност дава една хармонија, една целосна слика исполнета со бои, креативност, исполнета со среќа, тага, секаков вид емоции. Затоа треба да се грижиме за оваа цврста топка, бидејќи е посебна, токму заради тоа што постојат разлики. Луѓето, луѓето го движат светот, додека тој стои.