[Литература] Сара Николовска – VIII одд.
Што ме движи кога сѐ стои?
Желбата за живот, љубовта, што ја добивам од сите мои сакани, која знам дека никогаш нема да престане, среќата, која ја чувствувам во секој можен миг, трпението и, најважното од сѐ, надежта кои, според мене, секој човек треба да ги има без разлика какво е времето во кое се наоѓаме. Токму тоа е тоа што ме движи кога сѐ стои. Повеќето луѓе никогаш и не ја разбрале поентата на ова прашање, меѓутоа јас тврдам дека ја разбирам. Надворешниот свет е токму оној свет којшто ги крие сите времиња и невремиња во кои се наоѓа цел свет, вклучувајќи не и нас. Според мене, човекот што верува во себе и што е способен да најде надеж во секоја можна ситуација е инспирација за мене. Сега сигурно се запрашувате зошто? Поради тоа што сите такви луѓе на планетата земја можат да надминат сѐ и сешто. Уверена сум дека ако и вие верувате во сите овие работи, сигурна сум дека и вие ќе бидета како нив. Тогаш ќе можете да почувствувате што најмногу Ве движи кога се околу вас стои, ќе почувствувате како им е на оние што цел нивен живот за сѐ што знаат се движи, додека, пак, тие цел нивен живот го поминуваат надевајќи се само на најдоброто. Но, секако дека треба и да се очекува и најстрашното во секој можен момент, појасно кажано, „Бидете подготвени на сѐ‟. Ако секогаш сте позитивни и подготвени на сѐ во животот, полесно ќе ги поминете сите ваши препреки без разлика какви се и какви сѐ негативни или позитивни работи носат. На крајот на краиштата, животот е полн со среќа и несреќа, сепак секогаш треба да се најде доброто во која било ситуација. Мајка ми ме има научено на многу работи во изминатиов живот, но сепак најголемо значење ми има оставено поуката „ Времето ќе покаже се !‟ и до ден денес ја следам таа поука. Во моментов таа е една од најдобрите поуки која може да се даде на некој човек и да се следи во ова време невреме. Но, тоа не значи дека треба да го занемариме нашето здравје и само да се потпираме на нашата среќа. Тоа значи дека, секогаш, првенствено треба здравјето да е на прво место. Односно, да се погрижиме најпрво за нашето здравје, а потоа за се друго. Понекогаш во мојава глава се веат четири облачиња, сите во различна боја со различен физичи изглед и со различен карактер. Односно, тие ги претставуваат сите можни типови на луѓе кои се наоѓаат на планетата Земја. Едниот е жолт, другиот црвен, третиот син и четвртиот (најстариот) зелен. Како и во реалниот живот така и тука, тие никогаш не се почитуваат, никогаш не си помагаат и никогаш не се согласуваат. Жолтиот облак со сета своја арогантност секогаш го навредува црвениот облак. Секако, кај црвениот облак доаѓа до револт и до желба на самоодбрана. Па и тој почнува да го навредува жолтиот облак. Жолтиот облак почнува со ладен глас да му вика на црвениот облак. Додека, пак, синиот облак се буди со чувство на непочит од нивна страна. Тие се здружуваат и почнуваат да го омаловажуваат синиот облак. Притоа, зелениот се вмешува и ја гледа ситуацијата ва која се наоѓа синиот облак. Со разбирлив низок тон на неговиот глас почнува да им кажува на црвениот и на жолтиот облак како се чувствува синиот облак и им објаснува како треба да се однесуваат едни со други. На крајот сите доаѓаат до заклучок дека сите се еднакви и дека имаат исти права без разлика на нивната боја. Како што реков, претставниците на овие облаци се, всушност, сите можни типови на луѓе на планетата Земја. А јас со оваа моја замисла, која притоа ја имам од моите мали нозе, сѐ повеќе се зголемува во однос на мојата зрелост и мојот начин на гледање на овој денешен надворешен, па и внатрешен живот. Ако не забележавте, мојата замисла заврши со среќен крај, односно облаците ја сфатија својата грешка и секој од нив извлече поука од таму, но, за жал, во реалниот живот не е така. Да се појаснам, понекогаш (почесто отколку што треба ) луѓето не ја разбираат поуката, односно мислат само за себе и се многу себични кон другите. Секогаш гледаат да ги навредат наместо да ги поддржат и, за жал, тоа се случува само поради нивната: боја на кожа, местото на живеење, нивната религија и нивниот јазик. Според мене, тоа воопшто не е фер. Со тоа се доаѓа до дискриминација на луѓето. Затоа, независно во која ситуација и да сме, секогаш треба да мислиме на сите, а не само на нас. Како пример ќе го земам денешното време невреме кое не демнее сите. Времето е такво какво што е, па поради тоа мора да се седне и да се размисли за сите, а не само за еден, односно, да бидам појасна, треба да се почитуваат мерките за претпазливост. Со тоа почитување, не само што се заштитуваме ние туку и другите околу нас. Колку и бои на облачиња да има, луѓето треба да се свесни за своите способности и можности и со тоа да се посветам на себеси и да ги тргнам лошите мисли од мојата глава. Јас сум ученик и во ова време треба да ја искористам оваа ситуација и да дадам сѐ од себе за да напредувам во училиштето. Им се восхитувам на хуманите луѓе кои се свесни за ситуацијата во која се наоѓаме и неа ја сфаќаат многу сериозно. Да не ги заборавам медицинарите кои секој ден несебично им помагаат на оние лица на кои им се најпотребни помошта и надежта во овие мигови. Денеска додека бев на прошетка во природата ми дојде идеја, поточно кажано, добив инспирација за надеж и живот. Потеклото на оваа инспирација беа : сонцето кое изгрева и заоѓа секој можен ден со нова надеж за сите, мирисот на цвеќињата кои ме тераат да мислам на сите можни добри работи, но понекогаш на сцената настапуваат и облаците кои наеднаш ќе ја скријат целата надеж дадена од сонцето. Сепак, сонцето нема да се предаде и на крајот ќе победи заедно со надежта која ја носи. Кога дојдов дома сфатив дека мајката природа на некој начин ни враќа и ја „реновира‟ нашата планета Земја за сите овие години на нејзиното уништување. Таа е свесна дека луѓето со оваа лекција ќе ги запаметат овие години и ќе си ја научат лекцијата. Замислете си: ако луѓето на планетата Земја се свесни за нивните грешки и себични карактери и ако сето тоа би се променило, замислете си колку побрзо би го поминале ова време невреме и колку само луѓе би се свестиле и би ја научиле својата лекција. Со тоа не само што ќе помине побрзо ова „ реновирање‟, туку и ќе дојде и до масовно свестување на психата на луѓето и тогаш би сфатиле колку хумани можат да бидат и колку свеста влијае врз планетата Земја. Зарем не согледавте дека денешново „реновирање‟ нѐ зближи и нѐ сплоти нас и нашите семејства заедно? Колку повеќе се посветивме на себе и вистинските вредности кои цело ова време биле пред нашиот нос, но ние не сме знаеле да ги цениме? Дали се одморивте од фалби, озборувања, алчност и луксуз? Дали сега сфативте колку е важно да се цени и да се почитува, како и да се негува природата? Свесни ли сте до каде нѐ донесе ова наше не негување на природата? Е па јас сум, и со ова можам да заклучам дека нашата планета земја страдала со години и тоа пред наши очи, па сега мајката природа ни возвратува и ја „ реновира ‟ нашава земја. Ние, наместо да ја чуваме, кон неа се однесуваме како да не постои. Многу се изнервирав кога го видов човекот кој ја повреди природата со тоа што несовесно постапи и ја фрли цигарата на тревникот и почна да ја гаси со својата нога газејќи ја со неговата нога. Во тој момент си помислив: колку сме биле несовесни кон оваа земја? Како мали сите сме мислеле дека светот нема мани и дека секогаш се живее спокојно. Но, ова покажува дека сето тоа било грешно. Денес луѓето наместо да се свестат и да се грижат за себе и за сите, тие ја прават работата сѐ потешка и потешка. Но, не само за нив туку за сите. Можам да кажам со сета моја слобода дека сум доживеала за овој краток период од мојот живот сѐ и сешто, сите полоши една од друга, но ова е најлошата, најкритична и најсериозна ситуација во која сум се нашла. Секој ден станувам со само една моја желба, а тоа е што поскоро да се ослободиме од овој домашен „ притвор ‟ и конечно да се заврши ова „реновирање‟ на нашата планета земја. Мојата порака до сите е да се освестат и да најдат што сѐ може да ги придвижи во овој период. Со тоа не само што ќе им поминува побрзо времето, туку и ќе дојде до разведрување и до инспирација на нивниот мозок.