[Литература] Рина Балажи – IX одд.

 

ГИМНАЗИЈА АЛГОРИТАМ

 

НАГРАДЕН КОНКУРС

ЕСЕЈ

„ШТО МЕ ДВИЖИ КОГА СЀ СТОИ“

 

 

Пишувам на оваа тема, свежа, штотуку изнедрена од ситуација кога одеднаш сè застана.

Пандемија…Пандемија, која нè потсети дека сите сме еднакви, без оглед на културата, религијата, професијата или финансиската состојба. Нѐ потсети дека сите сме поврзани и едно нешто, што влијае на една личност, има влијание врз друга, нè потсети дека лажните граници што си ги поставивме имаат мала вредност, бидејќи на овој вирус не му треба пасош. Тоај нè потсети колку е краток живот и она што е најважно да се направи е да си помагаме едни на други, особено на оние кои се постари или болни.

Без оглед на тоа колку и да ни се чини дека се оддалечивме од реалноста, ние всушност неверојатно се приближивме кон неа. Ова е реалноста! Реалноста е да поминете време со семејството, да излезете во природа, да читате, да го истражувате вашиот духовен свет. Хаос, неред, бучава не е реалност.

На почетокот на пандемијата, да бидам искрена, застанав… се опуштив, можеби околностите беа такви, депресивни и неочекувани. Но, имаше нешто што ми пречеше цело време, самото време. „Одам, трчај по мене“, ми шепна тоа. Затоа, решив да направам нешто, едно квалитетно патување, патување околу моето битие.Патувањето се покажа како фантастично, мистериозно и истражувачко. Се запознав многу добро, и да, сега се сакам и се почитувам повеќе.

Секојпат кога ќе застанев на прозорецот и ќе погледнав во капките дожд што се натпреваруваа едни со други, или сончевата светлина што доаѓаше од толку далеку за да нѐ осветли и загрее, си помислував, колку секојдневни работи ни се веќе создадени, а колку мала вредност им даваме?! А тие, всушност, се извор на нашите животи, без нив…ништо. И тогаш мојот ум одлета на друго место, кон птиците, кон мачките, кон цвеќињата, кон пеперутките, колку убавина ѝ даваат на Земјата, на нашиот дом, кој долго време го чуваме. Заборавивме колку е убаво дури и без автомобили, без луксузни одморалишта, без вечери, без светла … беше неверојатна во својата природна состојба. Со зелени полиња, ладни потоци, тивки и моќни океани, шарени цвеќиња, таа, нашата Земја седи на престолот над целиот универзум.

Ах, овој универзум, колку ме направи скептична, колку мисли ми навираат во умот. Од едната страна, црните дупки на Супернова, а таму некаде се планетите и сателитите. Што е со сличноста помеѓу атомот и Сончевиот систем? Случајност? Можеби нашиот сончев систем е основната единица на нешто? Што е со Теоријата на релативноста? Можеби еден ден ќе можеме да патуваме со време? Дали некогаш ќе се доближиме до брзината на светлината? Што се случува со нас кога сонуваме? Дали одиме во паралелен универзум? Што е со законот за термодинамика, кој вели дека енергијата не се создава ниту се уништува, што нè води до овој заклучок? Дали функционираме со енергија? Тоа е, ние поседуваме енергија пренесена од друго тело, сите имаме иста возраст, иста возраст со универзумот, само нашите тела стареат … Ех, што сме пред овој универзум, толку голем како гигант, како џин?!

А ние?! Ние ги вртиме нашите животи околу нешто вообичаено како парите. Ние би сториле сè за да ги добиеме, со макотрпна работа, но и со лаги, со измами, вклучително и со убиства на други. Па, што сме ние всушност, освен робови на пари? Не мора да биде така. Животот е полн со многу посуштествени нешта од пари и поседување, а ние ги занемаруваме или свесно одлучуваме да не ги видиме. Мислам дека ова е сè што правиме со животот: се раѓаме, се образуваме, наоѓаме работа и потоа работиме сè до денот кога ќе умреме.

Животот не е само тоа. Треба да се живее. Цело време, нашата цел е подобра иднина, и кога таа ќе дојде, ние продолжуваме да трагаме повторно за некоја друга само нам позната подобра иднина. Не е во ред, апсолутно, треба паралелно да се гради оваа иднина, живеејќи го моментот, сега и овде.

Понекогаш велам колку сме добри, одговорни, чувствителни, искрени, вредни и потоа, за момент, се појавува другата страна на плочата, чудовиштата на општеството. Како живееме во толку многу хармонија, слобода, среќа, кога другата половина живее во ужас?! Дали тоа може да се нарече живот? Исплашен, гладен, уморен, потрошен од очајниот живот, без надеж. Неко се соочуваат со војни. Војната е сурова! Тоа е најголемата катастрофа што може да ги погоди човечките суштества. Таа носи смрт и уништување, болести, глад и сиромаштија.

Нешто што многу ме погоди за време на карантинот, беше излегувањето од училишните клупи. Помина долго време од последниот пат кога очите ми светкаа во тој топол амбиент, во исто време помина долго време откако спиев колку што сакав, но сепак чувствував несоница, долго време во кое не се смеев на едноставните утрински шеги, од малите незгоди со класот, од стресот да не заборавиме нешто ненаучено … овие зборови може да изгледаат многу филозофски, но дали знаете колку вреди тој час…тие клупи…таа табла? Компјутерските монитори што ги претвораме во огледала? –Можеби не вредате, за некој што воопшто ги немал, затоа што никој не знае колку смеа, колку треперења, колку солзи, колку караници, колку планови, колку соништа, колку очај, колку победи, колку загуби , колку моменти на здружување и неединство … се кријат зад нив.

Без сомнение, секогаш може да доживеете незадоволство од било кој, но јас сум радосна и мислам дека имам среќа. Што никогаш не бев повредена во поглед на семејството. Суштинското, најважното нешто, за што се бориме толку долго е да имаме што поздраво семејство и да го имаме што поблиску. На крајот на денот, кога сè станува хаотично и ненадејно немаме идеја каде сме, единствената поддршка, единственото место за престој е семејството. Како гнездо изградено со тенки сламки на безвременска љубов и бескрајна грижа, стои и нѐ чека да се вратиме од победа со нашиот триумф, од пораз со нашата болка, тука славиме и ги лечиме раните.

Затоа, нека стои сѐ! Сѐ нека се затвори, добродојдовте карантини! Важно е дека љубовта не запира.И сите работи во овој свет кога сѐ се делат се намалуваат, но кога љубовта се дели таа расте незапирливо.

И секако оставете ги мислите слободно да си течат и ним не им значат границите, како и на овој одвратен вирус, но замислете ним не им треба вакцина.

 

 

+3