[Литература] Ника Михајловска – IV одд.

За омраза тука нема место

 

Ајде да се сакаме и да се почитуваме сите на овој свет,

За да и дозволиме на нашата дружба да биде весела како шарен цвет.

Сите сме луѓе во ништо не се разликуваме,

Подршка да си дадеме и така да напреднуваме.

 

Да се сакаме без разлика на нашата националност и вера,

Сите сме ставени на овој свет со иста намера.

Оваа љубов треба да биде тука за век и векови,

Тоа е единствениот лек што ќе ни помогне да ги надминеме сите тегоби.

 

Со омраза никаде нема да стигнеме,

Без труд ништо не се исплати па затоа ништо не постигнавме.

Без разлика на нашата националност и боја,

Сите треба оваа дружина да си ја сакаме како своја.

 

Зошто мораме да го продолжиме ова карање и непочитување,

Кога можеме да се здружиме во една дружина и да продолжиме со сечие заштитување.

На крајот на краиштата сите сме едно големо семејство,

За тој што ќе проба да го уништи тоа тука нема место.

 

 

 

+5