[Литература] Невенка Дишева – IV година

Што ме движи кога сè стои?

 

Во животот сè се менува,

но промената е многу убава,

со неа стекнуваме сè поголемо искуство,

повеќе и повеќе свест,

поголема и поголема зрелост.

Што ме движи кога сè стои прашувате,

токму таа, промената,

истовремено ме плаши, но ме движи.

Ми помага да чекорам цврсто,

да пронајдам љубов,

во сè и секого.

Таа со себе носи верба, надеж,

носи љубов, носи искуства,

и кога доаѓа нова, тие остануваат

да ги пречекаат оние кои следат.

Ме движи помислата за подобро утро,

желбата да помогнам секому,

а особено на оние на кои им е најпотребна

и себеси.

Ме движи љубовта која секому ја давам

и онаа која од секого ја добивам.

Ме движи надежта дека ќе успееме сите заедно,

дека промената е на пат,

пат по кој сите заедно чекориме

и на кој повторно

ѝ ги отвараме вратите на љубовта,

и повторно ја доживуваме

радоста на споделувањето.

 

+67