[Литература] Мартина Трајковска – VII одд.

ШТО МЕ ДВИЖИ КОГА СÈ СТОИ?

 

Големиот мислител Антон Чехов еднаш рекол дека во животот се сигурни само две

работи: смртта и промените. Денешната мртва точка е појдовна точка за утрешните

промени. Пред почетокот на сè постои идеја. Некои би рекле дека на почетокот на светот

постоела само темнина, а потоа дошла светлината и се друго со неа. Јас би рекла дека пред

да се појави светлина, во темнината се родила прво идеја.

Денес повторно светот стои. За некого дури изгледа невозможно да го замисли

светот таков како што беше порано. Иако не можеме да се движиме каде сакаме и кога

сакаме, никој не може да не спречи да мечтаеме. Од тоа мечтаење може да произлезат

идеи кои ќе го променат светот. Јас станувам секој ден со мислата деке можеби еден

ден моето постоење ќе биде битно. Притоа, не мислам дека и сега моето постоење не е

важно. Секако дека сум битна и за мајка ми и за татко ми, за сестра ми…сите мои блиски,

драги луѓе кои ме сакаат и ги сакам, туку сè си мислам во малку пошироки рамки.

Секој ден се будам со мислата дека моето постоење ќе го одбележи нешто големо. Дека

нема да бидам уште едно зрне песок на брегот oд луѓе. Иако ова можеби звучи

амбициозно, ама и други пред мене биле обвинувани за амбициозност, како да е тоа само

лоша работа. Јас повеќе себе си се гледам како визионер.

А што имам во тие мои визии? Па…многу работи…многу идеи.

Засега само сигурно знам дека сакам да дејствувам на работите кои би ги

квалификувала како свест. Посакувам да можам да ги натерам луѓето да го гледаат светот

низ моите очи. А јас светот во иднина го гледам многу поедноставен и поправеден

отколку што е. Денес, за мене е сè поочигледен јазот помеѓу луѓето.

Богати и сиромашни. Притоа не мислам на богатство за

расипништво, туку едноставно имотност која им ги прави работите попристапни од оние

што се помалку имотни.Сфаќам дека среќата не е во богатството.

Нели, богат е оној што се задоволува со малку,а не оној што има големи потреби?

Меѓутоа, има вистина и во она што мојата баба постојано го велеше: “Сит на гладен, не

верува”.

Лесно е да убедува оној којшто секој ден не мисли за тоа што ќе даде на своите деца да

јадат, дека не е се во парите. Тешко е на оној којшто живее со таков товар.

Социјалните мрежи се полни со апели за донации за лекување, за спасување, за обнова на

домот…едноставно апели за помош.

Парите се средството што се бара, спасување на животи е целта. И сега, што да

правиме во ова време-невреме кое уште повеќе ја зголеми разликата меѓу богатите и

сиромашните?

Друг јаз што го гледам во општеството се расните предрасуди. За среќа тоа

засега можам да го гледам само на медиумите, бидејќи сликите од таквите настани

за судири помеѓу две раси се навистина немили.

Она што е блиску до мене и мојата средина се поделбите по верска припадност. Се делиме

на нашите и нивните.

Ако се зборува за политика повторно се делиме на нашите и вашите.

Поделби и само поделби…

Луѓето пополека забораваат дека секој човек има право на свое мислење и има право на

достоен живот. Сите ние се раѓаме еднакви но потоа се групираме во групи поради

банални разлики. Како што јас гледам на работите светот не припаѓа само на нашите, на

богатите, на луѓето од една раса… Светот припаѓа на сите нас, а наша должност е да

научиме да живееме во мир и спокој.

Да не се обидеш да смениш нешто е најлошиот вид на пораз. Желбата за промени е

она што мене ме движи кога сè стои. Сè уште недоволно луѓе мислат на ваков начин, а и

тие што сакаат мир во светот не се доволно моќни да направат промена во општествените

слоеви.

Можеби некогаш ќе се оствари мојот сон. Јас ќе можам да направам нешто што ќе

помогне да се промени светот. А промените ќе започнат во моментот кога ќе почнеме да

се групираме само во една група. Таа група на луѓе со човечност во себе. Сега засега во

светот има многу луѓе, а малку човеци.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

+1