[Литература] Мартина Маказлиева – VIII одд.

Тема: „Што ме движи кога сè стои“

Гледајќи во иднината

Гледам напред во иднината

таму се деловите од животот мој.

Гледам напред во правдата

секој да има светлина на патот свој.

 

Го чекам новото надежно време

што носи отстварување на сништа.

Што е најдобро за сите и за мене,

за пријателство и љубов чиста.

 

Можеби планетата сака да се одморам,

но надежта ме тера напред да се движам,

како незапирна река брегови да отварам,

како птица на височини да се искачувам.

 

Сакам заедно да победиме со нашата моќ,

силно гушнати во ѕвездена ноќ.

Природата со енергија ќе не дарува,

музиката со добрина ќе не милува.

 

Утре се ќе сè движи и ништо нема да стои

времето нема веќе ветрови и бури да брои.

Сонцето ќе свети од утро до мрак,

животот ќе го допре со највесел зрак.

 

 

+60