[Литература] Мартина Димитријевска – VI одд.

Што ме движи кога сѐ стои

За да стекнеме сѐ што ни е потребно , најнеопходна ни е душата која би била доволно силна да ги победи разликите.

Маж или жена , образован или неук , богат или сиромашен , не е важно , секој од нив е живо битие желно за внимание . Но, најпрво секој има потреба од почит . Било да е со збор , пари или предмети , сѐ претсавува топла, пријателски подадена рака . Таа топла и толку потребна рака за помош најчесто е недостапна и неинтересирана да брише туѓи солзи . Нам слободата како и да не ни треба , додека живееме во прангите на самољубието . Зошто да го лажеме моралот ? Разликите меѓу луѓето се само искушение кое треба да се надмине , а не да се падне во неговата замка .

Виктор не зборува, не оди, не може да седи, не може самиот да се храни, не може да одржува хигиена, не кажува кога има потреба за тоалет, секојдневно прима лекови,често има епилептични напади, постојано слуша иста музика… И секој предмет што ќе му дојде до рака, веднаш го става во уста .

Виктор живее со своите родители, Оливера и Дејан. Има брат од 10 години – Марко. Никола оди во трето одделение. Со нив живее и баба Татјана. Често го посетуваат баба Вера и неговите тетки Весна и Соња. Мане има посебни потреби. Неговото семејство има посебни потреби. Животот им е сосема поинаков отколку на другите. Тоа е живот во кутија. Виктор е ,,врзан’’за живот во две соби. Неговото семејство исто така . Има тешки ,но и убави моменти. Виктор сака да слуша музика, да пие кафе , да се милува и да биде опкружен со најблиските. Многу е мил, но во исто време многу ,, напорен’’… Всушност , тој го одредува ритамот на живот на неговото семејство. За Виктор постои само сегашноста. Не е свесен за минатото, не знае што е тоа минато, не знае што е тоа иднина . Ако тој има потреба од нешто, тоа мора да се исполни веднаш. Нема стресови, а и чувства за конформизам , не е оптоварен со навики, предрасуди и други видови ,,општествено пожелно поведение ‘’ како ние останатите. Голем број луѓе имаат погрешна претстава за лицата со церебрална парализа и за нивниот живот.

Создадени сме како посебен вид на живи суштества на планетата. Ја имаме честа да бидеме посебни жители на советот. Да, тоа сме ние луѓето , а умот е оној кој нѐ издвојува од останатиот жив свет. Нашата свест е водилка низ животот и ментор кој постојано треба да ни ги усмерува постапките и трагите кои ги оставаме во текот на нашето постоење. Но, во суштина светот е во погрешен правец. Цивилизацијата нѐ враќа назат кон пропаст, а прашањето е како да запреме за да го спасиме човекот во нас.

Но едно со сигурност знам.Знам дека никогаш, ама никогаш нема да свртам глава.Никогаш, ама никогаш нема да кажам Виктор или некој како него-не се мој проблем.Никогаш нема да бидам дел од мирна спокојна бара, заштитена и на безбедно.Напротив, кога сѐ стои, ќе бидам силен бран, освежувачки, поттикнувачки, бран кој ќе нѐ освести дека на крајот на денот, сепак сите сме луѓе…

 

 

+178