[Литература] Магдалена Стојкоска – VIII одд.

Што ме движи кога се` стои?

Се движиме слободно, без никаков компромис.Движејќи се го движиме човештвото а тоа не движи нас.Но…дали е секогаш така !?

Што ме движи кога се стои? Прочитај неколку пати.Размисли! Преработи го со брзината на светлината во некој ситен ,но многу битен дел од главата.Размисли што значи.Почувствувај! Допри ја неговата тежина . Дали си среќен или тажен?Случувањата наоколу не се вообичаени.За момент погледнете наназат.Видете ги насмеаните лица или навлажнетите образи.Видете ги луѓето, среќни тогаш а и сега.Радоста на нивните лица блика.

А кај некои луѓе е сосема обратно-спротивно.Некои ги пролеваат солзите за тие што требало да останат но..не…заминаа…заминаа и не се враќаат, а нема ни да се вратат.Даа.. таков е сега животот.Неправеден, суров, нечист…гневен.

 

Но зошто?Зошто кога баш си најсреќен?..Кога мислиш дека имаш се..

 

Во истиот момент едноставно остануваш без ништо.Како бизнисмен кој банкротирал,како дрво без лисја, како цвеќе без цут.Некој ќе си помисли: Дете е.Што знае тоа за среќа или тага? Не е така.Децата повеќе го чувствуваат тоа од возрасните.Како кога дете ќе го остават сираче, а кога ќе порасне…сите ќе се чудат и ќе си велат:Каков живот имаше а сега…сега е човек кој животот го научил дека на никого нетреба да се препушта цел и никому да не си ја препушта својата верба.Бидејќи еден ден најблиските ќе му го свртат грбот, ќе те остават на цедило баш во најтешкото.Баш тогаш ти стануваш човек кој е нешто многу повеќе од нив, мноогу повисоко ниво.Но во себе го чувствуваше она чувство…нешто како:Не ми е ништо, а ми е.Добра сум, а сум онака.Наспана сум а ми се спие.Сум безгрижна а имам мака.Навредена од мислења што не ми ни значат.Вознемирена и смирена истовремено!Сконцентрирана..барам начин, барам време да излезам од невремево.Знам дека не згрешив ама не знам зошто !!! Да згрешев со сигурност подобро ќе беше…и така безнадежна со надеж за абер и со тага во очите пробувам да бидам исправена и среќна пред другите.Смешно ми е но не ми е смеење.Ми доаѓа да прснам..Но веќе сватив декааа..ако ти дадам уште една шанса, со сигурност ќе ја гледам репризата.Секоја вечер седнувам во ќош и си размислувам.Си размислувам за тоа дали само јас ја имам оваа среќа(или изгубената тага во мене).Размислувам за тоа:Дали секој има среќа?Дали секој има убав живот или само лага и болка, а среќа глумат пред другите!? Зошто е така!? Зошто повеќето кои ги сакав, кои ми значеа, кои мислев дека ми се блиски , свртија грб и заминаа?Повеќето од нив се купија со пари а некои си ја најдоа среќата.Си заминаа секој по својот пат.Дали е тоа мојата судбина или карма?Или само една валкана лага?Па ќе си речам:Еј.Застани.Што правиш?Доаѓаат и среќни денови, мошеби ќе се појават нови, кои искрено ќе те сакаат, ќе се радуваат на твојата среќа, ќе тагуваат со твојата тага, ќе бидат со тебе во тешките денови и нема да се купат со пари и…Или и тие ќе бидат истите, ќе ти го направат истото.Ќе ми нанесат нови рани, на старите ќе им налеат сол.Ќе пече, ќе корне, ќе боли, но не смееш да се предадеш.Животот продолжува.Тоа сум јас.Тоа сум јас што можат сите да ја запознаат, но неможи никој да ме задржи.Ниту пак јас нив.Ми викаат да одам, но како да одам кога се стои, времето ми застана, се ми е тука.Веќе се изморив.Престанав да им се лутам на луѓето, само почнав да го менувам мислењето за нив.Веќе сватив дека:Можеш да го извадиш човекот од калта но но не спротивното…Да ја извадиш калта од човекот.Тоа е исто како кога човек ќе се сопне на камен и секогаш ќе го проколнува тој камен, а никогаш неговат непредпазливост.

Животот е како прочитана книга.Сите сме имале среќни денови.Нели?А исто така имаме читано и смешни книги.Сигурно!Единствена разлика е тоа што во книгата можеш да се вратиш на интересните страници, а во животот не можеш да ги вратиш среќните денови.Да, тажна сум.Се смеам цел ден.А навечер сами солзи ми се леат.Никој не ме забележува.Никој не прашува како сум.Како воопшто да не е битно, како да не постојам.Сфатив.Даа…Разбрав дека е во ред да си скршена, но не е во ред да се вратиш на тој што те скршил Тебе!

Многу предмети сум ги нашла баш кога не ми требале, и така е со луѓето.Се прашувате кое е најболното “Збогум!”.Јас ќе ви кажам…Она кое не е ни кажано во вистинско време.Дозволувате да се вратат кога сакаат.Затоа страдаме ! Затоа посветете го вчера на денес, утре.Посветете го денот на оние кои во вашиот живот се најмногу присутни со нивното отсуство…

Ах ,да заборавив за надежта,сепак постои …нели !?

 

 

 

 

 

+4