[Литература] Лина Парнаџиски – VI одд.
Што ме движи кога се стои
Моето одделение е многу големо. Во него има деца од сите вери, деца со бела кожа и некои потемни, од угледни семејства и онакви кои немаат многу. Ние сме многу сложни и не се делиме по групи според тенот на кожата, облеката или изгледот. Без разлика кој од каде доаѓаме сите се дружиме и им подаваме рака на тие кои што се чувствуваат отфрлено. Никој никогаш не смее да биде отфрлен, непосакуван. Секогаш треба да постои солидарност и да не постои дискриминација , и тогаш сите ќе бидат среќни. Нашата наставничка од мали не учи дека треба да бидем солидарни и да не постои дискриминација.
Еден ден во мојот клас стигна известување дека ќе се органзира екскурзија што ќе биде 4 дена во Охрид. Јас бев толку многу возбидена што воопштo не можев да се сконцентрирам на часовите и едвај чекав да завршат. Чим се слушна ѕвончето кое означуваше крај на училишниот час повеќето од моето одделение се стрчавме во слаткарницата на сладолед која се наоѓаше одспротива на училиштето. Возбудени си правевме планови кој со кого ќе дели соба, кој ќе носи друштвени игри, кој музика и слично. Во тој момент воопшто не се сетив на Вања, девојчето кое учеше со нас, а која за жал доаѓаше од смејство кое немаше многу , односно скоро воопшто немаше пари ни за основни секојдневни работи, а уште помалу за една екскурзија. Возбудата и среќата во тој момент се прекина кога дојде нашата наставничка и не потсети за Вања, за нејзината тага доклку не оди на екскурзија, за која нејзинте родители немаа можност да ја платат. Вања е многу добро девојче кое што никогаш не се кара, секогаш ќе помогне кога може занејќи и дека нема многу, секогаш се труди сите да бидат среќни и весели и кога она не е среќна. Мене еднаш ми помогна во домашната и многу и сум благодарна за тоа и секогаш ќе и бидам. Таа многу пати ме спасила од ситуации во кои не можев сама да се справам. Исто многу ми се допаѓа тоа што Вања никој не сака да се почувствува тажен или безвреден секогаш кога некој ќе се почувствува така таа е секогаш со него. Дури и таа пробува да оди на сите родендени за другите да не се почувствуваат несакани. Таа на мојот роденден дојде и ми донесе подарок, толку многу ми падна жал дека таа нема за себе и се потрудила и честитка и подарок да ми спреми и знаејќи колку пати Вања ми помогнала мене и помогнала на другите си помислив дека не е фер, како може ние деца да направиме нешто, па ние немаме моќ за нешто повеќе, за кое подоцна сфатив дека грешам. Денот брзо помина и вечерта кога веќе сите бевме седнати да вечераме, мајка ми ми кажа дека разговарала со нашата наставничка во врска со екскурзијата и дека сите родители едногласно се сложиле дека ќе учествуваат во собирање средства за да се плати екскурзијата за Вања.
Наредниот ден во ччилиште требаше да се изведе лажна лотарија, односно дека училиштето доделува бесплатна екскурзија за еден ученик, односно за Вања, а она за да не се почувствува дека ја сожалуваме што дополнително знаеше да ја растажува. Направивме така, организиравме лотарија во која ќе има кутија со топчиња од еден до триесет, како што правевме и за други лотарии и игри, кои го означуваат бројот на секое дете во дневник, но во овој случај во трисесте топчиња го ставивме само бројт 18, бројот на Вања во дневник. Лотаријата успеа, Вања беше среќниот добитник. Само да можам да ја опишам среќата и насмевката што ја имаше Вања во тој момент. Нејзиното и нашите срца беа полни со радост, сите деца од одделение ќе идеме на екскурзијата. Брзо поминаа тие две недели до денот кога требаше да одиме, но тогаш наидовме на нов проблем. Сите ние имавме и џепарлак, кој повеќе кој помалку, за да можеме да си купиме по некој сувенир, а и по некој подарок за семејството, а Вања знаев дека нема. Во тој момент се сетив на една идеја, која за среќа сите другарчиња од одделението веднаш ја прифатија. Сите од нас дадао по 50 денари кои и ги дадовме на наставничаката со идеја дека овие се за на Вања за џепарлак , како дел од лотаријата. Наставничаката не беше воопшто изненадена , иако и потекоа солзи, но знаеше дека ќе бидеме сложни и дека целава приказна ќе ја надоплниме со уште некоја убава идеја. Влеговме во автобус и тргнавме кон нови авантури. Тој ден за нас беше преубав, прв пат одиме сами без родители и тој ден ставивем насмевка на едно дете. Четирите дена поминаа многу убаво, Вања учествуваше во сите игри и настани. Кога бевме во Свети Наум јас и уште неколку деца бевме постојано со неа. Таа носеше една преубава ташничка која што беше толку многу убаво што мораше јас да ја пофалам, после мене и другите деца и кажаа дека многу и е убаа ташната. Вања беше многу среќна поради тоа што никој не ја отфрлаше и учествуваше во сите игри. Кога требаше да си заминеме од Свети Наум требаше да бидеме во ред по двајца во случај некој да некој го погреши патот. Јас сакав со Вања да одам, но уште многу деца сакаа да одат со неа знаејќи дека таа е најдоброто девојче во нашиот клас. Сепак се договоривме кои со кого ќе оди, а јас бев многу среќна што ќе одам со Вања. Екскурзијта помина многу убаво и јас и сите деца си поминавме убаво, а мислам дека Вања најубаво си помина бидејќи таа прв пат отиде на екскурзија., и сите деца се дружевме и игравме со неа. Кој друштвени игри носеше, кој карти, имаше и деца што носеа топки, со кој што игравме најразлични игри како кошарка, фудбал, одбојака и многу уште игри. Дојде и денот кога требаше да си одиме никој од нас не сакаше да си оди дома. Се вративме, најпрво им раскажав се што се случуваше таму на моите родители, за игрите кои што ги игравме, за интерсените случувања дури имаше и фотографии на кои што сме цел клас. Тие фотографии ги залепив на мојот ѕид за да се потсетам на убавите денови и на тоа дека треба да бидеме солидарни, да не постои дескриминациј, и да не ги делиме децата по групи според својот надворешен изглед, или поради друга разлика. Следниот ден на училиште дојдоа родителите на Вања, тие ни се заблагодарија за доброто дело кое што го организиравме за Вања да може да оди на екскурзија. Тие беа засрамени поради тоа што ние нив им дадовме нешто, а тие не. И наставничката го забележа тоа и им кажа дека нема потреба да се срамат од нешто што сме го направиле со задоволство, и напротив, тие ни подарија прекрано воспитано девојче кое нас ни е другарка.
Екскурзијата заврши, сите деца беа пресреќни а особено Вања, таа од сега ми е најдобрата другарка. Многу сум среќна дека Вања ја направивме среќна и мислам дека таа не се почувствува отфрлено никогаш повеќе, не ни беше. Јас во овие последни недели научив многу работи за солидарноста, научив дека секој со секого треба да се дружи без разлика на тенот на кожата или пак да се дружи според кој колку има, за жал има и такви луѓе кои што мислат дека скапоцените предмети се најважни во животот. Јас сосема поразлично мислам, мислам дека најважно е другарството и солидарноста, сметам дека никој не треба да се почувствува навреден или осамен, сите треба да си помагаме и да правиме добри работи кои што ќе се вратат со добро. Вања ништо не ни должи бидејќи добрината која што ни ја правеше Вања никогаш ќе неможе да се врати.