[Литература] Лео Зафиров – VII одд

Што ме движи кога се стои?

 

Се прашуваме које е виновен, од каде дојде?

Мислевме ќе се избориме и брзо ќе пројде.

Но, оваа опака болест, се поголем замав зема,

многу драги луѓе меѓу нас веќе ги нема.

 

Научивме со неа да живееме, под маски дружба,

мама и тато не одат на работа, од дома се на служба.

Растојание, онлајн, сите препораки ги почитуваме,

на баба и дедо кревкото здравје да им го чуваме.

 

Но, вакви болести имало и ќе има, еден ден се ќе пројде,

да издржиме здрави, да го дочекаме денот што ќе дојде.

Па зарем не треба утре да работам, славен спортист да бидам?

Учам, вежбам, спортувам, во репрезентација сакам да се видам.

 

Од оваа наметната ситуација, научивме многу нешта,

малата секојдневна грижа да не ни се гледа тешка.

Природата да се чува, да не сме со неа крути,

се може да уништи, ако се налути.

 

 

+73